Новото седиште на Дирекцијата на ЈП "Национални шуми"
Новото седиште на Дирекцијата на ЈП "Национални шуми"
Владата на РСМ на ден 08.03.2022 година донесе одлука за давање согласност за Статутарна одлука за измена на Статутот на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми "Национални шуми" п.о. Скопје, во која е наведено дека е потребно да се изврши усогласување, односно измена на член 4 од Статутот поради промена на седиште.
Новото седиште на Дирекцијата на ЈП "Национални шуми" од почетокот на 2022 год. се наоѓа на Булевар Св.Климент Охридски бр.68-Скопје (кај Европски универзитет), каде се сместени сите сектори во рамките на Јавното претпријатие, освен Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање кој останува на својата претходна адреса.
Согласно Законот за употреба на јазиците, направено е усогласување за примена на јазикот, со Агенцијата за примена на јазикот на РСМ.