Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Настан "Истоштени шуми" во рамките на проектот „Вертикално спротивставување на нелегалната сеча во Република Северна Македонија“

На ден  23.02.2022 година во хотел Мериот беше организирана завршната конференција под име "Истоштени шуми-мапирање на организиран криминал во форма на нелегална сеча"  во рамките на проектот „Вертикално спротивставување на нелегалната сеча во Република Северна Македонија“, кој е во последната фаза од неговото спроведување,  во организација на Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „Евротинк-Центар за европски стратегии“ - Скопје, поддржанa од Амбасадата на Канада за  Република Србија, Северна Македонија и Црна Гора, во рамките на Канадскиот фонд за локални иницијативи.

 

На конференцијата на присутните со поздравен говор им се обрати Дејвид Морган,  советник и заменик шеф на мисијата на Амбасадата на Канада.

На конференцијата беа презентирани клучните наоди од извештајот на истражувањето „Истоштени шуми“ спроведено од страна на Евротинк, во кој  се одржаа две панел дискусии. На првиот панел учествуваа претставници на најзасегнатите институции релевантни за справување со нелегалната сеча на шумите: Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи; Јулиана Николова – директорка на ЈП„Национални Шуми“, Саша Јовановиќ – раководител на Оддел за шумарство и ловство во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство и Марија Џибирова–обвинителка во Основно Јавно Обвинителство на Република Северна Македонија.

На вториот панел учествуваа претставници на граѓанското општество и активистички  иницијативи, новинари, независни истражувачи. Истражувањето опфаќа мапирање на организиран криминал во форма на бесправна сеча на шуми надоврзувајќи се на извештајот на Евротинк од 2020 година и дава анализа на состојбите во градовите Гевгелија, Прилеп, Велес и Струмица. Како предмет на истражување земени се предвид релевантните и надлежните институции што се занимаваат со заштита на шумите,
официјалните документи, меморандуми и записници од страна на државните институции и академските придонеси. Податоците се добиени врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Од ова истражување произлегоа и низа препораки насочени кон подобрување на работата на: ЈП „Национални шуми“, Координативното тело за спречување на криминал со нелегална сеча, шумската полиција, Министерството за внатрешни работи, Основното Јавно Обвинителство и основните судови, Министерство за труд и социјална политика, локална самоуправа, граѓански организации како и други релевантни чинители.

Од страна на Евротинг – Центар за европски стратегии, беше укажана благодарност до директорката на Национални шуми за укажаната поддршка и институционалниот придонес кон Евротинг и активностите за животната средина, подготвеноста и заложбите на ЈП "Национални шуми" за взаемната соработка и подигање на јавната свест за ваков вид на еколошки криминал, кои се од неизмерно значење и важност за справување со оваа проблематика.

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт