Пријавете!!! Мито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума
На веб страната на ЈП Национални шуми, активен е бројот на отворена телефонска линија: 02 155 22 каде сите граѓаните ќе можат анонимно да пријават секаква појава на мито, корупција, кражба на дрво и други злоупотреби во шума.
Целта на поставувањето на линијата е навремено и целосно исклучување на можноста од појава на секаков вид на злоупотреба на шума, како што се бесправна сеча, кражба на дрва, предизвикување на шумски пожари, со што се предизвикуваат сериозни штети врз шумата како национално богатство.
ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ПОСТОЈНИТЕ ШУМИ И ДА ГИ СОЧУВАМЕ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
Назад