Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Стручна надградба на вработените за ракување со беспилотно летало (дрон)

На 19.11.2021 година во ШСЕ Тополка Карабуниште со која стопанисува ПШС Бабуна – Велес, на локација во близина на хидросистемот „Лисиче“, вработените во ЈП Национални шуми од Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање учествуваа на обука организирана од страна на јапонската агенција за меѓународна соработка JICA, за употреба на беспилотно летало (дрон) во шумарството.
Како дел од обуката вработените се запознаа со процесот на подготовка на дронот за летање, како и рачно и автоматско управување со леталото. Во подоцнежната фаза од обуката вработените ќе се запознаат и со обработка на добиените податоци.
На имплементација на нови технологии и знаење, како и модернизација преку употреба на современи технички помагала во шумарството, во ЈПНационални шуми им се придава големо значење. Такви современи технички помагала кои во иднина ќе наоѓаат се поголема примена во шумарството се и беспилотните летала дронови. Нивната примена во шумарството постојано се проширува, така што постојано се приширува и нивната употребливост.
Една од најзначајните примени на дроновите во шумарството е во полза на подобрување на квалитетот на планирањето во шумарството. Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање следејќи ги современите текови, презема конкретни чекори за примена на дронот во планирањето.
Ова беше четврта обука за употреба на беспилотно летало (дрон) организирана и спроведена од јапонски експерти на JICA. Планирано е следната година да се одржи уште една обука за вработените, со која што ќе го надоградат своето знаење.
ОДРЖЛИВОТО УПРАВУВАЊЕ СО ШУМСКИТЕ РЕСУРСИ, ЗНАЧИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПРИДОБИВКИ
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт