Акција за пошумување под мото „Иднината Денес“
ЈП Национални шуми ПШС Куманово-Куманово во соработка со КБ Прво пензиско друштво спроведоа акција за пошумување на 25.11.2021 година, на место викано Пезово во близина на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
Акцијата беше спроведена под мотото „Иднината Денес“ со нова еко активност под мото „Замени Засади“, чија што цел е зелениот плик што го примаат членови на КБ Прво пензиско друштво да го заменат со електронски извештај, а средствата да се искористат за пошумување. За таа цел за есенската акција за пошумување од страна на КБ Прво пензиско друштво беше издвоен буџет со кој беа обезбедени 2.500 контејнерски садници од расадникот во подружницата од Куманово и истите беа пошумени на наведената локацијата.
На пошумувањето учествуваа Помошник директорот на Сектор за подигање, одгледување, екологија и лов Маре Басова, раководителот на ПШС Куманово-Куманово, Луан Бајрами, Весна Стојановска – Генерален директор и Предраг Милошевски - Втор Генерален директор во КБ Прво пензиско друштво, како и вработените од двете институции.
ЈП Национални шуми изразува искрена благодарност за вклучувањето на КБ Прво пензиско друштво во акцијата за пошумување, а со тоа директно се допринесува за зголемување на зелените површини и подобрување и унапредување на животната средина во РС Македонија.
ИДНИНАТА, ДЕНЕС!