Стручна надоградба на вработени преку организирани обуки
![](admin/documents/1(26).jpg)
ЈП „Национални шуми“ во континуитет работи на стручна надоградба на вработените и имплементирање на нови технолиогии и знаења. Како дел од тие напори, на ден 03.11.2021 година вработените во ЈП ,,Национални шуми” од Секторот за уредување на шуми, ловишта и проектирање учествуваа на обука организирана од страна на јапонската агенција за меѓународна соработка JICA за формулирање на план за рехабилитација на шумите.
![](/upload/images/2%2832%29.jpg)
Во рамките на оваа обука се направи преглед на Ш.С.Е. ,,Радовишка Река – Ораовичка Река” и на проектната локација во Радовиш над село Коџалија. На обуката, присутните вработени се запознаа со процесот на планирање на пошумување и имплементација на Eco-DRR мерки за одржливо управување, зачувување и обновување на екосистемите за да се намали ризикот од катастрофи, со цел да се постигне одржлив и отпорен развој.
Од практичната теренска работа, вработените се здобија со нови знаење за креирање на специјализирани карти за многуфункционалната намена на шумите и за Eco-DRR.
ШУМИТЕ СЕ НАШИТЕ БЕЛИ ДРОБОВИ
![](/upload/images/3%2823%29.jpg)