Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ПШС Малешево-Берово пошумува опожарени површини

На 19.11.2021 година се изврши пошумување на површина која беше опожарена во 2019 година. Опожарената површината која ќе се санира е 65ха во м.в Присој на КП 1183/1 во близина на с. Ратево. Денеска е предвидено да се пошумат 7,5ха со садници од јасен и црн бор.
Садниците за пошумување на површината се обезбедени од расадникот на подружницата Малешево – Берово. Површината која се пошумува е од голема важност бидејќи е со голем наклон и каменлива почва односно станува збор за високо ерозивен терен. Со овие активности ЈП Национални шуми покажува дека продолжува со своите активности за пошумување односно зголемување на зелените површини и површините под шума, борба против опустинувањето и санирање на опожарени површини.
На пошумувањето кое е организирано од ЈП Национални шуми, подружница Малешево – Берово, присуствуваа Помошниците Директори Маре Басова и Николчо Киров, вработените од подружницата Малешево - Берово, вработени од Општина Берово, ЈКП Услуга-Берово и граѓани од околните населени места.
ЗА ДА СЕ ЗАЧУВА ШУМАТА ТРЕБА ДА СЕ САКА
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт