ЈАВЕН ПОВИК За прибирање понуди за изнајмување на деловен-канцелариски простор
Врз основа на Одлука бр.02-807/ од 25.11.2021год. ЈП ,,Национални шуми” Скопје го објавува следниот :
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање понуди за изнајмување на деловен-канцелариски простор
Се повикуваат сите заинтересирани физички и правни лица кои имаат во сопственост деловен-канцелариски простор од најмалку 700м2, во рок од 5 дена да достават „Понуди” за изнајмување на деловен-канцелариски простор од најмалку 700м2, за сместување на 67 вработени во Дирекција на ЈП ,,Нaционални шуми”-Скопје, организирани во 9 сектори.
Понудите треба да содржат локација на деловнo-канцеларискиот простор од најмалку 700м2, со скица–распоред на деловните простории и понудена цена.
Понудите да се достават во ЈП,,Национални шуми” Скопје-Архива или електронски на следната e-mail адреса: komunikacii@mkdsumi.com.mk
ЈП Национални шуми Скопје
Назад