ПШС Саланџак-Валандово го доби 6то ноемвриското признание од Општина Валандово
ПШС Саланџак-Валандово го доби 6то ноемвриското признание од Општина Валандово
Советот на Општина Валандово го додели 6-то Ноемвриското ПРИЗНАНИЕ на вработените од ПШС Саланџак од Валандово,
за активно справување и професионален пристап со справувањето со шумските пожари кои го зафатија подрачјето на општината во летните месеци. Тоа подразбира навремено локализирање, ставање под контрола, се до целосно гаснење на пожарите, користејки ги постоечките расположиви ресурси на подружницата.
На доделувањето на Признанието кое беше одржано на 6ти ноември годинава, во просториите на општината, присуствуваше и Признанието го прими претставник од Секторот за заштита на шуми, од шумското стопанство Саланџак.
ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ ШУМИТЕ ОД ПОЖАРИ - ЦЕЛ И ИМПЕРАТИВ НА РАБОТЕЊЕТО НА ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ