Пошумување на голини и ерозивни земјишта
Пошумување на голини и ерозивни земјишта
ЈП Национални шуми продолжува со активностите за пошумување, согласно Програмата за пошумување на голини и ерозивни земјишта во државна сопственост. Денеска на 16.11.2021 година се пошумува површина на територија на Ресен во ШСЕ Галичица-Болно место викано Петрино на површина од 23 ха. На површината предвидена за пошумување ќе се пошумат 57.500 садници од црн бор, дуглазија, јасен и јавор, а садниците се произведени во расадникот на ПШС „Преспадрво“-Ресен.
На настанот присуствуваше Генералната Директорка на ЈПНационални шуми Јулиана Николова, Помошниците директори Маре Басова и Николчо Киров, како и вработените од ПШС Преспадрво-Ресен, кои во наредниот период ќе продолжат со активностите за пошумување на површината.
Секоја акција за пошумување ЈП Национални шуми покрај зголемувањето на зелените површини и разубавување на изгледот на регионот има за цел и да ја разбуди еколошката свест кај населението за поголема грижа за природата и природните богатства за нас и идните генерации.