ПШС Бабуна-Велес пошумува опожарени површини
ПШС Бабуна-Велес пошумува опожарени површини
Согласно Програмата за Проширена репродукција на шуми и мерката: Отстранување на последиците од шумски пожари на површина над 50ха во рамките на една ШСЕ преку вештачка обнова со пошумување со садници, вработените од ПШС Бабуна - Велес ги пошумуваат опожарените површини во ШСЕ Езеро Младост-Караслари.
Подружницата континуирано ја подготвува површината за пошумување со сопствена механизација и со пошумување е отпочнато од 8 ноември. Од предвидените 55,45ха согласно Програмата, досега се пошумени 21ха, посадени се 52.000 броја на садници од јавор, јасен и чемпрес.
Со пошумувањето се придонесува за санирање на опожарените површини и зголемување на површините под шума.
ШУМА, тоа е нашата зелена банка