ПШС"Лешница" Тетово пошумува голини
![](admin/documents/3(2).jpg)
ПШС"Лешница" Тетово пошумува голини
Согласно вонредна програма за пошумување на голини вработените од подружницата започнаа со пошумување на ден 08.11.2021 година. За оваа активност покрај вработените од ПШС"Лешница" беа ангажирани и штитеници на ВП Дом Волковија.
![](/upload/images/2%2823%29.jpg)
Во акцијата која траеше неколку дена, заклучно со денеска, пошумени се 12.500 садници аризонски чемпрес. Според програмата предвидените 12.500 садници од багрем планирано е да се завршат во рокот од 15 до 20.11.2021 година. Овие активности соогласно програма се одвиваат на голините (КП.30/1 во К.О Теново).
![](/upload/images/5%285%29.jpg)
ПШС"Лешница" изразува голема благодарност до ВПД Волковија за нивната соработка и кооперативност.
Заедно можеме повеќе