Засадени нови 8000 садници во регионот на Свети Николе
Засадени нови 8000 садници во регионот на Свети Николе
Вработените од HALK BANKA , вработени од ПШС ШУМАРСТВО-Свети Николе, како и ученици од СОУ Кочо Рацин, во регионот на Свети Николе, кој важи за предел со слаби врнежи и недоволна покриеност со шума, организираа акција за пошумување.
Акцијата беше директно поддржана од ЈП Национални шуми, ПШС Шумарство-Свети Николе, при што се пошумени 8000 броја на садници од аризонски чемпрес и црн бор од расадникот во подружницата, а садниците се донација од Халк банка. На настанот присуствуваше Директорката на ЈП Национални шуми Јулиана Николова, како и Помошниците директори на сектори Маре Басова и Жарко Анастасијески.
На самиот терен определен за пошумување беа присутни шумарски инжинери од подружницата, кои го споделија своето искуство за начинот на садење и ефикасно пошумување на регионот.
Со оваа акција се придонесува кон еколошките заложби на ЈПНационални шуми, со пошумувањето се разубавува изгледот на регионот, а зголемувањето на зелените површини е од огромно значење за здравјето на населението и за ублажување на ерозивните процеси и поплавите.
ЗАЕДНО КОН ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА