Засадени нови 5000 садници во регионот на Свети Николе
Вработените од Комерцијална банка, ПШС Шумарство-Свети Николе, претставници од локалната самоуправа, локални извидници од извидничкиот одред Гоце Делчев, викендов во регионот на Свети Николе, кој важи за предел со слаби врнежи и недоволна покриеност со шума, организираа еко тим-билдинг настан. Овој настан беше директно поддржан од ЈП Национални шуми, при што се пошумени 5000 броја на садници од расадникот на ПШС Шумарство од Свети Николе.
На самиот терен определен за пошумување беа присутни шумарски инжинери, кои го споделија своето искуство за начинот на садење и ефикасно пошумување на регионот.
Со пошумувањето се разубавува изгледот на регионот, а од друга страна ваквите акции обезбедуваат здрава иднина на сегашните и идни генерации.
ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО