УКИНУВАЊЕ НА ДЕЛУМНА И ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА И ШУМСКО ЗЕМЈИШТЕ
ЈП Национални шуми ги известува граѓаните дека од 26.08.2021 година се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште и апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно кога се движат во шумите, поради нивна лична заштита и заштита на шумите, како и зачувување на животната средина.
Поради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, ЈП Национални шуми – Скопје поднесе Барање бр.11-456/11 од 25.08.2021 година со кое побара согласност за укинување на делумната и целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде Согласност за укинување на делумната забрана за движање во шума бр.49 – 6012/1 од 25.06.2021 година и на целосната забрана за движење во шума бр. 49-6739/2 од 03.08.2021 година.
ЈП Национални шуми-Скопје
Назад