СООПШЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ
Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор во услови на екстремно високи температури, а заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите, согласно АПЕЛОТ на Владата на РСМ, а врз основа на член 57, став 3, од Законот за шумите, ЈП Национални шуми воведува ЦЕЛОСНА забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува на целата територија на РСМакедонија, по претходно добиена согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Целосната забрана за движење во шума почнува да важи од 03.08.2021 година во временски период од 00:00 до 24:00 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.
Оваа целосна забрана не важи за вработените во ЈП Национални шуми и субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие.
За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба.
ЈП за стопанисување со државни шуми НАЦИОНАЛНИ ШУМИ п.о. - СКОПЈЕ
Назад