Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Во партнерство со природата – новата филозофија на работење на „Македонски шуми“

Денес, 10.јули, 2012. во просториите на ЈП Македонски шуми, генералниот директор , Жарко Караџоски одржа Конференција за печат на која го објави почетокот на ребрендирањето на ЈП Македонски шуми.

На 10 јули (вторник), јавното претпријатие „Македонски шуми“, претставувано од генералниот директор, Жарко Караџоски го обзнани новото лого на претпријатието, кое е дел од скорешното ребрендирање на Македоснки шуми. Освен знакот, кој е скоро идентичен на таканаречениот “мистериозен круг во жито“ кој неодамна се појави во Карбинци, Штипско, Г-дин Караџоски, исто така ја претстави и новата парола, односно, новиот слоган “во партенрство со природата“.

Логото и слоганот се дел од новата филозофија на работење на „Македонски шуми“ каде што преку слоганот “во партнерство со природата“ претпријатието симболично ја прикажува и неразделната врска помеѓу луѓето и шумите. Исто така, беше истакнато дека зборот „партнерство“ има и преносно значење каде што, покрај останатото, ја доловува високата еко свест на „Македонски шуми“ како и несебичниот дух на претпријатието кое што работи „во партнерство со природата“ за општото добро на сите нас, но и за добро на самите шуми.

Самиот знак, кој беше предмет на бројни шпекулации, претставува постојана промена, движење и обновливост каква што постојано гледаме во природата. Различните бои на трите листа ги претставуваат фазите низ кои што поминуваат шумите за време на различните годишни времиња. Ова пак, од друга страна, ја означува посветеноста на претпријатието за време на целата година, постојано оди напред и дополнително помага и покрај природните процеси.

Инаку, новата работна етика и филозофија на претпријатието, Г-дин Караџоски ја поткрепи и со конкретни бројки, но потенцираше дека:

- За разлика од претходно, од 2006-та наваму, редовно се регулираат сите давчки кон ПИОМ;

- Билансот на успех до 2008-ма бил негативен, а од 2009-та е веќе позитивен;

- Од 2007-ма веќе немаме кредити и од 2009-та до сега редовно се плаќаат ДДВ како и сите останати давачки кон државата!

 

Инвестиции реализирани во изминатиот период

Обезбедени се три градежни машини-булдожери

Вредност на набавката ......................................................    18.900.000,00ден.

Понатамошна инвестиција со 20 теренски возила во 2011год.

Вредност на набавката ......................................................    9.150.148,00 ден.

Во тек е реализација на тендерот за катастарски услуги со што ќе се заогружи постапката за легализација на бесправно изградените објекти со изготвување на геодетски елаборати по подружници.

 Вредност на набавката ........................................................ 1.615.633,00 ден.

Спроведување на Акцијата Ден на дрвото во 2011год. Пошумени се 981,13ха.

Обезбедени средства (од самото претпријатие!) за пролетно и есенско пошумување во износ од   65.293.341,00ден.

 

За развој во делот на ИТ

Компјутерска опрема: сервер, клиентски компјутери, лиценци за оперативни системи

Вредност на набавката ........................................................ 5.750.145,00ден.

Принтерска опрема: „all in one” канцелариски печатари и печатари

Вредност на набавката ........................................................ 1.053.435,00ден.

Мрежна опрема за VPN поврзување на дирекцијата со подружниците

Вредност на набавката ........................................................ 1.889.354,00ден.

GPS УРЕДИ

Вредност на набавката ........................................................ 475.524,00ден.

 

Планирани инвестиции до крајот на 2012 година

Се планира да се инвестира во понатамошен развој со уште 28 теренски возила за кои се планирани средства во Инвестиционата програма во износ од ....................18.500.000,00ден.

ISO – Стандардизација -   планирани средства  ................. 4.000.000,00ден.

Сертификација на шумите -  планирани средства.............. 12.000.000,00ден.

 

Инвестиции во делот на ИТ

GPS УРЕДИ. Во тек е постапка за набавка во износ од......   450.000,00ден.

Пасивна мрежна опрема во износ од..................................  2.500.000,00ден.

Доопремување на сервер-соба и подготвување на резервна локација за сервер соба

во износ од.......................................................................................1.500.000,00ден.

Изработка и реализација на на ИКТ Стратегија во износ од........18.000.000,00ден.

 

За 2012 година за спроведување на есенското пошумување од  Акцијата „Ден на дрво„ планирани се средства во износ од 30.000.000,00ден

Сите овие инвестициони вложувања ЈП „Македонски шуми„ ги има реализирано од сопствени финансиски средства.

 

Како за крај, и како одговор, барем сега за сега, на сите можни прашања во однос на “мистериозниот круг во жито“, Г-дин Караџоски категорично потврди дека претпријатието “стои зад него, но, во партерство со природата“ и дека резултатот од снимката направена од параглајдеристот  бил “комплетно неочекуван“.

Во прилог ви го подготвивме новото лого, логотип и слоган, како една визуелна целина за ваше понатамошно анализитрање.

 

Со почит,  

ЈП Македонски шуми

Назад

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт