Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Промовирана новата противпожарна опрема за справување со шумски пожари во Малешевскиот регион

     Согласно потпишаниот Меморандум за соработка за спроведување на првиот Регионален план за унапредување на шумите во Малешевскиот регион со Акциски план 2020-2025, на 06.07.2021год. во Берово беше промовирана новата против пожарна опрема за ТППЕ во Берово и подружниците: Малешево-Берово и Равна река-Пехчево, донација како еден од приоритетите дадени во Акцискиот план на пилот проектот, од Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската агенција за развој и соработка. Донацијата се состои од 4 нови противпожарни возила, противпожарна опрема, дрон, како и обуки за пожарникарите за управување со дрон.
На настанот, кој го организираше општина Берово и Програмата за зачувување на природата во РСМ, присуствуваше и се обрати претставникот на Владата на РСМакедонија, заменикот на претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, кој го нагласи значењето на заштитата на шумите, потоа Амбасадорот на Швајцарија во РСМ, HE Sybille Suter Tejada, градоначалниците на општините Берово и Пехчево. На настанот беа присутни и Директорката на ЈПНационални шуми, Јулиана Николова и Помошникот директор на Сектор за одгледување, подигање, екологија и лов , м-р Маре Басова, која во своето обраќање го истакна значењето на меѓусебната соработка координирана на регионално ниво меѓу надлежните институции за одржливо управување со шумите во нашата држава.
Во таа насока, особено важен е процесот на заштита на природата: Кон крајот на 2020год. со Одлука на Владата на РСМ, ЈП Национални шуми беше назначено за управувач на заштитен предел Осоговски Планини, а активно сме вклучени и во иницијативата за прогласување на Малешево за заштитено подрачје. Со ова ЈПНШ ја покажува својата заложба за одржливо управување со шумите во нашата држава. Ваквите иницијативи, имаат додадена вредност во работењето на јавното претпријатие, кое работи во партнерство со природата.
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт