ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ-Скопје доби СЕРТИФИКАТ за општествена одговорност
Сертификатот го доделува Здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИААС –Скопје. Сертификатот е со важност од 2 години.
Сертификатот е доделен за интеграција во sertifikat.eu.mk,електронски систем за сегментација на правни субјекти кои се општествено одговорни и за кои се дава препорака за користење на нивните производи/услуги, сега и во иднина!
Ова е една од придобивките на ЈП Национални шуми на полето на општествена одговорност, како резултат на извршената анализа на Здружението за општествена одговорност. Со направената анализа на компанијата е опфатена грижата за вработените, грижата за животната околина, посветеноста за напредок на општеството, како и позитивниот пристап во соработка со трети компании.
Со овој сертификат, ЈП Национални шуми станува дел од семејството на сертифицирани субјекти во државата.
Ова семејство брои над 3000 членови кои се во регистерот на сертифицирани компании. Овие компании го запазуваат стандардот за општествена одговорност, кој е стандард за систем за управување и ги одредува перформансите на деловните субјекти во девет области, кои се од клучно значење за општествената одговорност во работните средини и обезбедува континуирано подобрување во сите области.
Назад