ЈП “Национални шуми”ќе управува со заштитеното подрачје на дел од Осоговските Планини
![](admin/documents/123801775_1722229634619300_6913042399025036030_o.jpg)
Со донесувањето на Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 17.11.2020 година за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V заштитен предел со кој ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми ЈП“Национални шуми” се реализира долгогодишната заложба и непрекинати активности на Секторот за одгледување, подигање, екологија и лов при ЈП Национални шуми во целиот овој процес. Секторот од самиот почеток беше вклучен во сите расправи, преговарања, договарања и носење одлуки во врска со голем број на прашања и проблеми од сите засегнати страни, кои произлегуваа во текот на самиот процес на прогласување.
Ова Одлука претставува голема одговорност и предизвик за нас како ЈП, но со тоа од друга страна се дава можност за отварање нови области за унапредување на нашето работење во насока на одржливо користење на ресурсите и подобрување на состојбата на теренот. Со интегрирано управување и одржливо користење на природните ресурси ќе се зачуваат и унапредат сите природни вредности, биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејсажните, пределните и другите природни убавини заради кои ова подрачје е прогласено за заштитен предел.
ЈП е подготвено да ги преземе сите обврски за управување со заштитено подрачје на Осоговските Планини бидејќи располага со материјални и човечки ресурси кои се неопходни за спроведување на идните активности и процеси во Заштитеното подрачје. Во оваа насока, ЈП„Национални шуми“ очекува да се зајакне соработката со МЖСПП на полето на заштитата и унапредувањето на природата во Република Северна Македонија. Исто така, очекува искрена соработка и обезбедување на финансиска подршка од МЖСПП во сите чекори кои следат понатаму за успешно воспоставање и водење на заштитеното подрачје на Осоговските Планини.
ЈП„Национални шуми“ изразува искрена благодарност на заложбите на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) Фармахем Скопје, Македонско еколошко друштво , МЖСПП и други домашните институции и општини, кои ја поддржаа целосно реализацијата на проектот за заштита на Осогово и воедно го поддржаа ЈП„Национални шуми“ да биде управувач на Заштитеното подрачје на дел од Осоговските Планини.
Назад