Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Конференција за печат на генералниот директор на ЈП Македонски шуми, г-дин Жарко Караџоски

Реализација на дел инвестиционата програма на  ЈП "Македонски шуми", набавка на 3  нови градежни машини (булдожери) за потребитe на  ЈП "Македонски шуми"

"Ако сакаме да направиме современа и конкурентна компанија на пазарот, мора да истраеме на патот на реформите. Резултатите покажуваат дека ЈП Македонски шуми прераснува во ликвидно претпријатие каде што своето место можат да го најдат и стручњаци, за кои нашата компанија ќе биде предизвик како бренд кој се докажува како  успешен."   

 

Бројните негативни појави во развојот на севкупното општество и економијата, влијаеа и на шумарскиот сектор. И покрај тешката економска положба и наследените дубиози ЈП "Македонски шуми"  функционира  како важен стопански субјект во Република Македонија, следејќи ги политичките и економските промени во Република Македонија во согласност со  евроинтеграциските процеси кои налагаат приоритети и фокусирање кон општокорисните функции на шумата и нејзиното стопанисување, интегрирајќи се во многу поширок контекст во кој заштитата, биодиверзитетот и грижата за природата и животна средина се ставени  во прв план.

Според императивот дека ЈПМШ мора да се трансформира во претпријатие со тенденција на вклопување во европските рамки, а тоа значи инвестирање во сопствено производство со сопствени основни средства. Во септември и октомври, минатата година 20 теренски возила Лада Нива, во две транши по 10 возила беа доделени на 20 подружници на ЈП. Во нашата инвестициона програма за 2011. година беше планирана набавка на три нови булдожери, кои се пред нас, што значи дека се подготвени за работа, со тоа што следната година се планира набавка на уште најмалку три.

Ако се знае дека до сега  според тендерските набавки кои секоја година сме ги користеле, за прочистување на 1 км пат се трошело 2000,00 ден., за реконструкција околу 6000,00 ден., а за изградба на еден километар пат е потребно околу 300 000, ден., по километар а на годишно ниво се прочистува во просек мрежа од 244 км,  се реконструираат 50км, а за оваа година е планирано пробивање на 40 км шумски пат, тогаш ќе се има пред вид вистинската вредност на овие машини.

 

На годишно ниво, со постоечката механизација се врши реконструкција на 297 км и прочистување на 1739 км патишта.

Значи, дека за пробивање на еден километар пат се потребни околу 300 000,00денари, а ние годишно имаме потреба од пробивање на 40 км шумски пат, тогаш е јасна математиката на заштеда на годишно ниво, во износ од околу 120 милиони денари.

Овие машини според карактеристиките ги задоволуваат потребите за намената. Работните карактеристики на булдожерите се

- работна маса на машината од 16.000-17.000 кгр

- јачина на моторот 130KW

- максимална влечна сила 135-145 kN

Произведени во Кина, во фирмата LUIGONG, со вграден германски мотор. Набавени се по пат на сукцесивни набавки по претходна нарачка, со отворена постапка која завршува со електронска аукција. Вредноста на еден булдожер е 6.300.000,00 денари, без ДДВ, а вкупната инвестиција изнесува 18.900.000,00 денари, средства кои лично ги обезбеди Јавното претпријатие, да напоменам дека се работи за дел од инвестиционата програма за 2011. год, а во иднина планираме набавка на уште три вакви машини.

Со активирање на овие машини, и со активирање на веќе постоечките машини кои се во добра кондиција, целата фаза на изградба на патишта ќе биде на ЈП Македонски шуми. Тоа значи дека нема да трошиме за резервни делови, ќе ги намалиме трошоците и со таа заштеда ќе ги платиме новите машини.

2012 г. ја замислувавме како реформска година за ЈП Македонски шуми од многу аспекти. резултатите од тоа се очигледни. Ќе се оди на постручно, попрофесионално и со помлади кадри екипирање на претпријатието. За управување со овие машини остручивме 20-тина машинисти кои се здобија со сертификат за управување со нив. Ако сакаме да направиме современа и конкурентна компанија на пазарот, мора да истраеме на овој пат на реформи. Резултатите покажуваат дека прераснува во ликвидно претпријатие каде што своето место можат да го најдат и стручњаци, за кои нашата компанија ќе биде предизвик како бренд кој се докажува како успешен. Инаку овие машини се набавени по пат на јавна набавка и избран е најдобриот понудувач. Карактеристиките ги задоволуваат потребите. Пуштањето во погон на овие машини,  претставува чекор повеќе на патот на транформација на јавното претпријатие во современа и конкурентна компанија и интегрално и успешно стопанисување со шумите со европски стил на работа. Со излегување од  рецесионите за идната година се планира зголемување на производството на техничко дрво и нормално производство на огревно дрво од 400 до 500 000 м3, количина за која имаме обезбеден пласман на пазарот. Задржување на  сите досегашни купувачи и враќање на дел од оние кои во изминатиот период купуваа дрво од соседна Бугарија. Причината за тоа се постојаните цени и постојаниот квалитет на техничкото дрво кој се стандардизира со одлуките кои ги донесовме за производство на квалитетна дрвна маса. За нас е битно да го  избегнеме раситнувањето на купувачите и да работиме со познат и стабилен купувач. Овој чекор навестува и присуство на други инвеститори. ЈПМШ мора да се трансформира во начинот на стопанисување со шумите со тенденција на вклопување во европските рамки, а тоа значи производство на други производи како што се пелети, брикети, и биоенергија, со што би влегле во современите начини на производство. Во септември и октомври, 20 теренски возила Лада Нива, во две транши по 10 возила беа доделени на 20 подружници на ЈП, а во наредната година ќе се овозможи комплетирање на вкупната планирана набавка од 40 теренски возила. Покрај тоа одобрена е јавна набавка на три нови булдожери, со тоа што следната година се планира набавка на уште најмалку три. Со тоа, и со активирање на постоечките машини кои се во добра кондиција, целата фаза на изградба на патишта ќе биде на ЈП Македонски шуми. Тоа значи дека нема да трошиме за резервни делови, ќе ги намалиме трошоците и со таа заштеда ќе ги платиме новите машини. Покренавме и постапка за зголемување на бројот на шлепери. Вишокот на дрвна маса, кој се појавува во некои подружници ќе биде превезувана во поголемите потрошувачки центри. Ова ќе биде континуирано преку целата година. Во рамките на оваа инвестициона програма е  и  изградбата на базени за чување на трупци, во Кавадарци, Кичево и уште еден центар кој ќе се одреди дополнително. Со изградбата на овие базени ќе се обезбеди складирање на техничката дрвна маса преку целата година.

Завршена е набавката на софтвер за мрежно поврзување со подружниците и дирекцијата за материјално-финансиско работење, потоа најавивме револуционерна инвестиција за обезбедување на сопствен деловен простор за кој  постапката за правење на елаборат и проект е во тек.

Извршена е набавка на околу 200 компјутери, хардвер и софтвер и осовременување на ИТ технологијата со која располагаме, со цел вклопување во современиот начин на работа.

Еден од актуелните проекти е намалување на  цената на огревното дрво во ЈП Македонски шуми, кое го изреализиравме при крајот на минатата и почетокот на оваа година.

Ова е исклучително важно за граѓаните, и ние не сакаме да ги оставиме неподготвени за грејната сезона, инаку ценовната политика на ЈП е ако и досега огревното дрво беше најевтино, со овие цени ќе биде подостапно на граѓаните, на сметка на сите оние енергенси кои поскапуваат.  ЈП Македонски шуми, направи баланс меѓу трошоците и приходите и се труди ти трошоците да ги надомести на сметка на стабилната цена на огревното дрво.

 

Со спојување на стандардизирано производство, редовно исполнување на планот за работа, штедењето и намалувањето на непотребните трошоци и на крај со пласирање на сето ова во јавноста и кај нашите соработници ќе создадеме едно ново претпријатие, компанија која ќе биде рамна на европските. Годините што се пропуштени, ние ќе гледаме да ги надоместиме што побрзо и поефикасно.

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт