Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ПШС ,,Равна Река” – Пехчево го доби првиот PEFC - СЕРТИФИКАТ

ПШС ,,Равна Река” – Пехчево го доби првиот PEFC - СЕРТИФИКАТ за шумите во ЈП Национални шуми
Во светот постојат повеќе системи на сертификација на шумите. Најзначајни се PEFC (Programme for the Endorsement of Forest Certification schemes), FSC (Forest Stewardship Council), SFI (Sustainable Forestry Initiative), ATFS (American Tree Farm System), CSA (Canadian Standards Association). Во Северна Америка и Канада најзастапени се SFI, ATFS и CSA, додека во Европа се позастапени PEFC и FSC системи на сертификација. 
Јавното претпријатие за стопанисување со шуми ЈП“Национални шуми” ќе биде во можност квалитативно и квантитативно да ги изгради стручните и технички капацитети за сертификација на целиот систем, почнувајќи со пилот подружницата ПШС ,,Равна Река” - Пехчево  и тоа по PEFC – сертификацијата,изработката на националните стандарди што  подразбира приспособување на генеричките (универзални) стандарди во локалното шумарство. Со примената на стандардите за одржлив развој на шумите се добива сертификат - пишана гаранција на трета страна, (производителот и купувачот се првите две страни) дека некој производ, процес и услуга се во согласност со барањата на стандардите. Имајќи ги  предвид неповолните движења во дрвната индустрија, како во производството, така и во надворешно-трговската размена во последниве две години, се проценува дека увозот и натаму ќе го истиснува домашниот производител од домашниот пазар. Основната идеја е зголемување на еколошката свест во однос на животната средина, со цел почитување на социјалните, економските и културните потреби на сегашните и идните генерации.
За посигурен пласман на дрвната маса од нашата држава на европските пазари, неопходно е да се почитува европската регулатива, која налага сертификација на шумите. Сертификацијата на шумите претставува алатка за проценување дали во праксата се стопанисува со шумите на одржлив начин.
Сертификатот значи потврда за потеклото, квалитетот и другите стандарди на производот. По дефиниција, PEFC акредитираниот сертификат значи дека со шумата се стопанисува по строги социолошки, економски, еколошки и социјални стандарди.  Сертификатот е неопходен  на шумарството и дрвната индустрија за квалитетен и непречен извоз во земјите на Европската унија. Сертификацијата ја спроведуваат невладини организации и приватни компании, а проценката се базира на специфични социјални, еколошки и економски критериуми. 
Владата на Република Македонија и ЈП Македонски шуми (како најголем снабдувач на пазарот со дрво и производи од дрво во државата), а со цел излегување во пресрет на стопанството и олеснување на пристапот до соодветни сертифицирани репроматеријали,  во Март 2018 година отпочна процес на сертификација, и тоа во прва фаза преку ПЕФЦ (PEFC) стандард на околу 4.000 хектари во  подружницата на ЈП „Македонски шуми“ – Равна Река од Пехчево. После направената анализа и следење на начинот на сертификација на шумите во опкружувањето и пошироко ЈП ,,Национални шуми”-Скопје влезе во пилот-проект за примена на една од шемите за сертификација на шумите во Европа и светот PEFC (Programme for Endorsement of Forest Certification) систем за сертификација на шумите со кои стопанисуваат во Р.С.Македонија. ПШС ,,Равна Река”-Пехчево веќе има добиено сертификат кој е во база на податоци на ПЕФЦ- веб страната. 
Се работи по национален стандард за одржливо стопанисување со шумите според барањата на PEFC. Основата за изработка на овој стандард произлегува од Пан-европските критериуми и индикатори за одржливо стопанисување со шумите донесени на Министерската конференција за заштита на шумите во Европа во Лисабон 1998 година. Овој стандард е изработен преку партиципативно учество на голем број на директно засегнати страни во шумарството и беше прифатен од страна на официјалната работна група по пат на консензус. Проектот започна со одржувањето на првиот состанок на 23.05.2018 година во просториите на ПШС ,,Равна Река”-Пехчево.
ЈП Национални шуми, во изминатата година работеше на усогласување на своите интерни процедури и начин на работење, се со цел да ги исполни барањата на PEFC националниот стандард за одржливо стопанисување со шумите. 
Подружницата “Равна Река” – Пехчево на 12.11.2019 година се здоби со меѓународно признат сертификат – Ланец на надзор на производи од дрво - контролирани извори (PEFC Chain of custody certificate), со сертификациски код CU-PEFC- 868621 и важност до 01.07.2025 година.
Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт