Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Во работна посета на коминтенти на ЈП Национални шуми

Во рамките на планираните теренски активности директорот на ЈП Национални шуми Зоран Ѓорѓиев и Помошник директорот за Комерцијално работење, м-р Борче Бојчовски, деновиве беа во посета на ДИК Фагус –Пехчево.
При посетата на овој дрвнопреработувачки капацитет, кој е еден од најголемите капацитети во Југоисточниот дел на Балканот, се разговараше за наоѓање на можности за соработка во услови на пандемијата Ковид 19, меѓу ЈПНШ и ДИК Фагус-Пехчево, имајќи ги предвид отежнатите услови на пазарот со дрвни сортименти и затвореноста на границите во целиот регион, што значително го отежнува пласманот на производи.


Ова, како последица го чувствува и ЈП Национални шуми, особено во делот на исплатата на испорачани дрвни суровини, кои пак заради неможност за пласман се трупаат на складовите на коминтентите.
Надминувањето, или барем стабилизацијата на пазарот предизвикана од пандемијата, ќе придонесе до придвижување на продажбата на дрво и дрвни сортименти, што ќе влијае врз побарувањето на суровини од страна на ЈП Национални шуми, кое исто така се наоѓа во овој ланец на производство и ги чувствува негативните финансиски последици што зад себе ги остава пандемијата на Ковид 19.


Но и покрај овие отежнати околности за работа и соработка со дрвопреработувачите, ЈПНШ го продолжува снабдувањето со суровини според определената динамика, со надеж дека сепак оваа ситуација ќе се надмине.
Заеднички заклучок од овие средби е дека оваа ситуација наметнува внимателно и секојдневно следење на пазарот и приспособување на состојбите кои се менуваат од страна на ЈПНШ, како и од страна на коминтентите со кои соработува.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт