Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Потпишан Меморандум за соработка за спроведување на првиот Регионален План за унапредување со шумите во Малешевскиот регион со Акциски План 2020 – 2025

На 16.06.2020 година, претставниците на општина Берово, општина Пехчево и ЈП„Национални Шуми“ во Едукативниот Центар за зачувување на природата во с. Негрево го потпишаа Меморандумот за соработка за спроведување на пилот Регионалниот план за унапредување со шумите во Малешевскиот регион со Акциски План 2020 – 2025.

Со овој меморандум се дефинира соработката помеѓу трите страни за реализација на мерките предвидени во РПУШ во Малешевскиот регион.

Регионалниот план за унапредување со шумите во Малешевскиот регион со Акциски План 2020 – 2025 претставува прв регионален план кој се изработува за одреден микро регион во нашата држава со партиципативен пристап на сите клучни чинители и земајќи ги предвид различните функции на шумата. Овој Регионален план за унапредување со шумите е подготвен во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем и истиот е усвоен како стратешки документ за шумите на општина Берово и општина Пехчево.
РПУШ во Малешевскиот регион со Акциски План 2020 – 2025 е развоен стратешки план со чија помош се воспоставува основа за одржливо управување со шумите и шумското земјиште во регионот. Овој план за Малешевскиот регион претставува водич со кој се утврдува идната насока за одржливото управување со шумите и шумските предели во регионот, врз основа на трите столбови на одржливото управување со шумите, односно економска вредност на шумите, биодиверзитетот (зачувување на природата) и социо-економските вредности.
Потписниците на Меморандумот за соработка, ја искористија приликата да истакнат дека подготовката на еден ваков сеопфатен план за унапредување на шумите ќе придонесе кон главната цел, односно да го поддржи локалното население во нивниот одржлив развој користејќи ги вредностите на шумите на одржлив начин, а во исто време да биде во сооднос со севкупните трендови во шумарството на европско ниво кои вклучуваат просторно планирање и управување со пределот, согласно Пан-европските критериуми и индикатори.

“Шумарството во регионот Малешево е значајна стопанска гранка која нуди големи потенцијали и можности за развој. Преку соработка со ЈПНШ со локалните институции ќе се овозможи вклучување на руралното население во производството и услугите овозможени од шумарскиот сектор и ќе се влијае на зголемување на вработеноста во руралните средини, како и подобрување на локалниот економски развој. Сето тоа ќе придонесе да се формира стабилен шумски екосистем и ќе се зачува и збогати шумскиот биодиверзитет и пределските вредности на регионот. ”- нагласи м-р Маре Басова, како претставник на ЈПНационални шуми.
Регионалниот план за унапредување на шумите во Малешевскиот регион (Берово и Пехчево) со Акциски план 2020-2025 беше усвоен како стратешки план на 33 седница на Советот на општина Берово одржана на 13.05.2020 како и од Советот на општина Пехчево на својата 29 седница одржана на 5.05.2020 година.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт