Отежната состојбата на пазарот со дрво и дрвни сортименти, како последица на КОВИД 19
Во рамките на тековните работни активности, продолжуваат теренските активности на директорот на ЈП Национални шуми Зоран Ѓорѓиев и помошникот директор за комерцијални работи, Борче Бојчовски, со посети на на дрвнопреработувачките капацитети при што се запознаваат одблиску со проблемите со кои во периодот на корона вирусот Ковид 19, пиланите се соочуваат при тековната работа.
Како и во сите гранки на стопанството, така и во дрвно- преработувачката индустрија се почувствуваа последиците од затвореноста на пазарите на овој вид производи, а со тоа се создадоа големи залихи со производи кои немаат пласман, поради тоа што е намалена побарувачката на пазарот за скоро 100%, што пак директно се рефлектира врз работењето на ЈПНШ.
Пандемијата со Ковид 19, која сеуште трае ја отежнува нормализација на општата ситуација на пазарот. Затвореноста на земјава кон другите држави, од една страна и застоеноста на домашниот пазар резултираат со трупање на залихи кај коминтентите со што се предизвикува намалување на побарувачката на суровини од ЈП Национални шуми.
Надминувањето, или барем стабилизацијата на пазарот предизвикана од пандемијата, ќе придонесе до придвижување на продажбата на дрво и дрвни сортименти, што ќе влијае врз побарувањето на суровини од страна на ЈП Национални шуми, кое исто така се наоѓа во овој ланец на производство и ги чувствува негативните финансиски последици што зад себе ги остава пандемијата на Ковид 19.
Заеднички заклучок од овие средби меѓу ЈПНШ и дрвопреработувачите е дека оваа ситуација наметнува внимателно и секојдневно следење на пазарот и приспособување на состојбите кои се менуваат од страна на ЈПНШ, како и од страна на коминтентите со кои соработуваме .