Директорот на ЈПНШ, Зоран Ѓорѓиев оствари средба со претседателот на ССМ, Дарко Димовски
![](admin/documents/101773236_3067438433312178_2812062586458079232_o.jpg)
Во просториите на ЈП Национални шуми, денес, 02.06.2020 година, остварија средба Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Генералниот Директор на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев, на која се дискутираше за состојбата во јавното претпријатие поврзана со Корона вирусот COVID – 19 и предизвиците со кои се соочуваат работниците и раководството во Јавното претпријатие.
На средбата Генералниот Директор, Зоран Ѓорѓиев го информираше Претседателот на ССМ, дека со сериозни напори од страна на раководството на претпријатието е исплатена платата за месец април на 01.06.2020 година, а се прават напори до 15.06.2020 година да биде исплатена и платата за месец мај со што во целост ќе бидат надминати предизвиците за навремена исплата на платата на вработените.
Директорот Зоран Ѓорѓиев информираше дека јавното претпријатие Национални шуми кое е на самофинансирање се соочи со сериозни предизвици поради тоа што наплатата и продажбата во месец март и април поради здравствената криза беше намалена за 100%. Во првите 2 квартала ЈП целосно се финансира по основ на склучени купопродажни договори со правни субјекти-пилани, синдикални организации, пензионерски здруженија, како и договори со граѓани кои тие ги уплаќаат како авансни уплати по основ на веќе склучените договори. Истите, согласно новонастаната ситуција – вонредна состојба, не беа и нема да бидат во можност во целост да ги испочитуваат одредбите во склучените договори каде што треба да ги вршат уплатите. Но и покрај тоа во изминатиот период нема намалување на бројот на вработените во ЈП Национални шуми кој во моментов изнесува 2.247 работници.
Истовремено, Сојузот на синдикатите на Македонија ќе упати и посебно барање до надлежните институции и Владата, за потребата од финансиска поддршка на претпријатието согласно донесените Одлуки, се со цел навремено сервисирање на платите на 2.247 работници, вработени во ЈП Национални шуми.
Претседателот на ССМ Дарко Димовски и Генералниот Директор на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев се согласија дека здравствената криза не смее да премине во економска криза која ќе се почувствува на грбот на работниците, а за што во наредниот период заеднички ќе дејствуваат.