Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Последици од Ковид 19 на пазарот со дрво и дрвни сортименти

Во рамките на тековните работни активности, директорот на ЈП Национални шуми Зоран Ѓорѓиев и пом. директорот за комерцијални работи, Борче Бојчовски, посетија дел од коминтентите кои работат со дрво и дрвни сортименти во државата. При посетата на дрвнопреработувачките капацитети се запознаа одблиску со проблемите со кои во последниов период се соочуваат, како последица од актуелната состојба во државата и пошироко на глобално ниво, вирусот Корона- Ковид 19.
Како и во сите гранки на стопанството, така и во дрвно- преработувачката индустрија се почувствуваа последиците од затвореноста на пазарите на овој вид производи, а тоа се создавање на големи залихи со производи поради тоа што е секната побарувачката на пазарот, што пак директно се рефлектира врз работењето на ЈПНШ.


Нормализацијата на општата ситуација на пазарот ќе придонесе до придвижување на продажбата на дрво и дрвни сортименти, што ќе придонесе и за нормализација на снабдувањето со суровини од страна на ЈП Национални шуми, кое исто така се наоѓа во овој ланец на производство и веќе ги чувствува негативните финансиски последици што зад себе ги остава пандемијата на Ковид 19.
ЈПНШ директно го следи пазарот и секојдневно е подготвено за усогласување состојбите кои се менуваат и излегува во пресрет на побарувањата на пазарот на дрво и дрвни сортименти.
ЈПНШ и дрвопреработувачите се договорија за продолжување на соработката според условите што ги диктира пазарот и брзо надминување на новонастанатата неповолна ситуација.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт