Укунување на делумна забрана за движење
УКИНУВАЊЕ НА ДЕЛУМНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМА
ЈП Национални шуми ги известува граѓаните дека од утре се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште и апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно кога се движат во шумите, поради нивна лична заштита и заштита на шумите, како и зачувување на животната средина.
Поради процената дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, ЈП Национални шуми – Скопје поднесе Барање бр.11-251/4 од 23.04.2020 година со кое побара согласноста за делумна забрана за движење во шума и на шумско земјиште, издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.49-4536/2 од 16.04.2020 година да биде отповикана.
Врз основа на горенаведеното барање МЗШВ под бр. 49-4536/4 од 23.04.2020 година донесе решение за укинување на забраната за движење во шума и шумско земјиште и забраната престанува да важи од 24.04.2020 година.
Назад