Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Денот на планетата Земја

Денот на планетата Земја кој веќе 50 години се одбележува, годинава за жал ќе помине во сенка на пандемијата на вирусот COVID 19, заради што се откажани многу манифестации. После педесет години разни манифестации на ред дојде, за жал (или за поука) спасувањето на заболените од вирусот COVID 19, кој го зафати целиот свет и однесе безброј невини жртви.

 

Пред 50 години во САД е одбележен првиот Ден на Планетата Земја, со повик на реформа на околината, после излевањето на нафта покрај брегот на Калифорнија. Пола век подоцна, овој ден соединува милиони луѓе во светот, свртувајќи го влијанието на огромните предизвици со кој се соочува Планетата Земја. Денес, како никогаш досега на сите ни нуди да размислиме за нашиот однос кон планетата, дека природата може да не изненади во секој миг со погубни последици за секој поединец. Се наоѓаме во време  кога здравјето на планетата и нејзините жители, никогаш не било побитно.

Се наоѓаме во време на истребување и на место каде би можело да се нанесе неповратна штета за околината и воопшто за иднината на земјата. Но, иако на сред на една голема и непозната провокација, не можеме да си дозволиме да го изгубиме темпото и предизвикот кој не чини преголеми загуби и тоа во човечки животи. Во овој миг е тешко да не се чувствува очајот во целиот свет. Карантини, скојдневни нови појави на корона вирус на територијата на целиот свет, барање разни начини за излегување од хуманитарната криза. Можеби во иднина ќе дочекаме да видиме поголема почит кон природата во многу земји во светот и ќе сфатиме дека живееме на едно единствено место кое треба да го чуваме, почитуваме и негуваме.

Плакатот за одбележување на Првиот Ден на Планетата Земја го содржел цитатот: “Го запознавме непријателот, а и он нас.” Педесет години подоцна, дали оваа година ќе биде година кога колективно ќе престанеме да ја земаме планетата земја здраво за готово, деградирајќи ги и искористувајќи ги нејзините ресурси?

Ќе сфатиме ли конечно колку, всушност сме ранливи? Се надеваме дека со искуството од оваа пандемија ќе научиме дека многу подобро е да се спречуваат глобалните промени, кога ќе се појават далеку на хоризонтот.   Затоа, треба да се следат модерните достигнувања во светот, да се развиваат, да се обрне што поголемо внимание на климатските промени, како навистина загрижувачки проблем на кој работат стручњаци кои треба да се слушаат и почитуваат.

Природата ни треба се повеќе, како решение, како ресурс, како место за одмор и живот на Земјата. Гледајќи однапред, од оваа фатална пандемија, се појавуваат можности кои, ако не се спречат можат да бидат катастрофални. Мораме, конечно, на сите нивоа, на сите континенти, од сите раси и луѓе во светот да ја прифатиме природата како пријател, кој ќе го чуваме, ќе се грижиме за него и ќе го сакаме.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт