ПРОТИВ КОРОНА вирусот – Дезинфекција со специјални возила на ЈП Национални шуми
Во врска со ново настанатата состојба во државата, ЈП Национални шуми од првиот момент ги презема сите потребни мерки и активности за заштита од коронавирус Covid-19.
За таа цел, до сите подружници проследени се насоки со предлог мерки за постапување во поглед на организирање на производството во новонастанатите услови.
Преку редовно следење на сите заклучоци и мерки донесени од страна на Владата на РСМ и Главниот координативен кризнен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус Covid-19, вработените во претпријатието се редовно информирани за сите сoстојби кои настануваат на дневно ниво и постапување по истите, со цел за заштита на здравјето на вработените, нивните семејства и пошироко.
Според овие насоки, извршена е дезинфекција во сите управни згради и објекти, складови, работилници у други капацитети во сите подружници во ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ.
Една од мерките кои се презедоа беше аеродезинфекцијата која се изврши во Кавадарци, во моментите кога се дозна за присуството на коронавирусот, во март 2020 година, со двете теренски против пожарни возила за гаснење на пожари на отворен простор и шумски пожари.
По насоки и барање на локалната самоуправа на општина Кавадарци овие две возила неколку дена беа вклучени во превентивно делување–аеродезинфекција по улиците во Кавадарци, за спречување на понатамошно ширење на пандемијата COVID-19.
Во периодот од 20 до 25 март 2020 година се вршеше дезинфекција на сите возила кои влегуваа во Кавадарци со што овие возила покажаа уште една корисна улога. Целта беше да се употребат целосно капацитетите на овие, сега веќе повеќенаменски возила, иако првичната улога им е справувавање со шумски пожари.
Двете специјални возила за прва интервенција при заштита на шумите од пожари (едно теренско возило Pick up 4X4 со пумпа и едно теренско возило-цистерна со носивост од 7000л.) се донација од Владата на Р.Турција во 2010 година која е реализирана преку Турската агенција за обнова и развој ТИКА. Специјалните возила со Одлука на Владата на РМ за престанок и давање на трајно користење на движни ствари(арх.бр.44-5831/1 од 26.09.2017г.), а преку договор со МЗШВ се преотстапени на ЈПНационални шуми и истите заради погодните услови на работа и чување се одржуваат и користат во Подружницата „Бор” во Кавадарци.
Заради погодните карактеристики, достапност до терен, јачина на воден млаз, овие возила имаат повеќенаменска функција и можат да се употребуваат при разни елементарни временски непогоди, за расчитување на поголеми и помали површини после поплави, а во дадениот случај за дезинфекција на улици, дворови и други поголеми површини, со цел за успешно справување со новонастанатата состојба во државата.
ЈП Национални шуми располага и со други 3 специјални возила за прв одговор на шумски пожари Great Wall Steed 5 4х4кои со Одлука на Владата на РМ за престанок и давање на времено користење на движни ствари(арх.бр.44-5880/1 од 10.10.2017 година), а преку Договор за отстапување на користење на движни ствари со Дирекцијата за заштита и спасување се преотстапени на ЈП Национални шуми. Со специјалните возила е овозможено непречено функционирање на мобилните групи во подружниците во поглед на брзата интервенција на терен при настанување на шумски пожари и спречување на нивно ширење. Трите специјални теренски возила за гаснење на пожари се распоредени во Подружниците: „Лопушник”-Кичево, „Малешево”-Берово и „Кожуф”-Гевгелија.
По насоки и барање на локалната самоуправа на општините во Берово и Гевгелија овие возила беа вклучени во превентивно делување–аеродезинфекција за спречување на понатамошно ширење на пандемијата од коронавирусCOVID-19, по улиците во овие две општини.
Назад