СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНАВИРУСОТ Covid 19, во ЈП Национални шуми
Во врска со ново настанатата состојба во државата,ЈП Национални шуми, од првиот момент,ги презема сите потребни активности и мерки за заштита од коронавирус Covid 19
• За таа цел до сите подружници проследени се насоки со предлог мерки за постапување во поглед на организирање на производството во новонастанатите услови.
• Вршење на дезинфекција на сите објекти, набавка на дезинфекциони средства и опрема.
• Информирањето на вработените е на високо ниво и се следат информациите миг во мигод
• Континуирано се известуваат за секоја мерка и препорака донесена од страна на Владата и Главниот координативен кризен штаб,веднаш по нивното донесување,со цел заштита на здравјето на вработените,нивните семејства.
• Се препорачува редовно следење на сите објави и Пресс- конфереции на Министерот за здравство и почитување и спроведување на препораките
Во овие тешки моменти за сите нас, за претпријатието и пошироко, кога повеке од се, потребно ни е заедништво и соработка , АПЕЛИРАМЕ до вработените да запрат со дезинформации, омраза и сеење на страв.Само така ке успееме да ја надминеме оваа состојба и пред се да го зачуваме сопственото и колективно здравје.
Исто така информираме дека ке бидат преземени сите мерки за спречување на било какви дезинформации, и санкционирање на сите дејствија кои придонесуваат за отежнување на состојбата во претпријатието и пошироко.
Тоа значи дека, секој вработен кој шири и пласира дезинформации, или лажни и непроверени информации со кои се загрозува нормалното функционирање на претпријатието ке сноси законски последици.
Скопје, 22. 03.2020 ЈП Национални шуми
Назад