Семинар по повод започнување на проектот Еко -ДРР
Во Холидеј ин одржан семинар по повод започнување на проектот Еко -ДРР, за земјите од регионот и Западен Балкан
На семинарот почесен гостин беше амбасодорката на Јапонија во Р.С.Македонија Н.Е.Кеико Ханеда, Претставници на JIKA од РС Македонија, и околните држави, директорот на ЦУК, Агрон Буџаку, претставници од ЈП Национални шуми, ШФ, МЗШВ, Паркови и зеленило и други институции кои се вклучени во овој проект.
Соочени со последиците од влошените состојби во шумарството поради сé позачестените пожари, свлечишта, поплави, суши, ерозии и деградации на земјиштето, мораме да ги интензивираме активностите за заштита на екосистемите, порачаа учесниците на Првиот регионален семинар за намалување ризици од катастрофи.
Преку употреба на еко – системски решенија, земјава и останатите држави на Балканот, со јапонска помош, ќе развиваат нов, современ, одржлив модел за управување, конзервација и обновување на шумите. Станува збор за проектот Еко – ДРР што почна да се имплементира лани, а сега веќе влегува во втората, регионална фаза.
Мапирање области со висок ризик во шума и шумско земјиште, пошумување еродирани и деградирани почви, вклучување на населението и општините во планирањето, известувањето и справувањето со екосистемските пореметувања, како и соработка со меѓународни институции, ќе бидат само дел од Еко – ДРР мерките.
-Балканот треба да работи постојано на превенција и намалување на ризиците. Еко – ДРР е долг процес, но еден ден вашите деца и внуци ќе ви бидат благодарни, ќе ги почитуваат вашите напори. Балканските земји се планински, како Јапонија. Затоа, управувањето со шумите и реките е многу важно. Треба секогаш да се подготвиме подобро, истакна јапонската амбасадорка Кеико Ханеда.
Според директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, целта на Еко – ДРР е намалување на интензитетот и фреквентноста на поплавите, лизгањето на земјиштето и ерозијата.
-Природните катастрофи последниве години предизвикуваат големи штети со економски последици и доведуваат до тешка деградација на средината. Од проектот очекуваме зајакнување на националните капацитети за координација меѓу домашните институции преку надградба и проширување на функциите на постојниот македонски информативен систем за шумски пожари (МКФФИС) со воведување нови модели за управување со ризици, нови практики и технологија за заштита и намалување на ризиците од придони непогоди, нагласи Буџаку.
Помошник-директорот на ЈП „Национални шуми”, Маре Басова,во име на директорот, Зоран Ѓорѓиев, рече:
"Потребата од воведување современ одржлив модел за управување, конзервација и обновување на шумските екосистеми е повеќе од очигледена во денешно време. Соочени со последиците од влошените состојби во шумарството (шумските пожари, зголемена ерозија и деградација на шумското земјиште, лизгање - свлечишта, поплави и суши) мораме да се активираме за намалување на изложеноста и ранливоста на екосистемите како целина, а воедно и да го намалиме ризикот од катастрофалните последици за населението.
Со обезбедена помош од Јапонската Агенција за Меѓународна Соработка - ЏАЈКА,во 2017 година е започнат проектот ,,Градење на капацитети за Екосистемски базирани мерки за намалување на ризикот од катастрофи''(Project Eko-DRR in Macedonia).
Со развојот на нов модел за Еко-системски базирано намалување на ризикот од катастрофи ЕкоНРК, нашата држава ќе ги користи во иднина следните придобивки:
1. Интегрирано управување со превенција од катастрофи и области поврзани со животната средина со активно учество на ЦУК,МЗШВ и ЈП Национални шуми,
2. Ажурирање и подобрува ње на МКФФИС функцијата со нови податоци за избегнување на изложеноста од природни (шумски) катастрофи,
3. Мапирање на области со висок ризик и опасни локации во шуми и на шумско земјиште,
4. Подобрува ње на одржливото управување со шумите и зонира ње врз основа на нивните екосистемски функции,
5. Поставување модел за заштита на шумите со пошумува ње на еродивни и деградирани почви како превенција од ерозија,
6. Активирање на централните и локалните капацитети (население,локална самоупра ва, локални институции) за учество во планирањето, известувањето и справувањето со појавата на екосистемск и пореметувања.
7. Вклучување во меѓународните институции за размена на искуства и активна соработка.
Би сакал уште еднаш да се забла годарам на Јапонската Агенција за Меѓународна Соработка - ЏАЈКА и нивните експерти од Јапонија, со чија помош и техничка соработка се поставени пилот локациите на планината Водно и во Радовиш, како и во расадникот за шумски садници во Свети Николе."
Проектот „Градење капацитети за екосистемски базирани мерки за намалување на ризикот од катастрофи” (Еко – ДРР) го спроведува Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА) во соработка со ЦУК, ДЗС и ЈП„Национални шуми”, а во него се вклучени и професори од Шумарскиот факултет во Скопје и други релевантни институции во државата.
Назад