Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски,во посета на ЈП Национални шуми
Денеска, во работна посета на директорот на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев, беше Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.
На работниот состанок раговараа на актуелни теми поврзани со шумарството, околу снабдувањето со огревно дрво, санација на опожарените шуми, бесправните сечи и други теми кои системски би се решавале.
Тема на разговорот беа и евентуалните дополни и измени на Законот за шумите.
На средбата, директорот на ЈП Национални шуми го информираше Министерот Трајан Димковски за тековните проблеми и предизвици со кои се соочува ЈПНШ, на што наиде на разбирање и заеднички пристап кон решавање на истите. И двајцата соговорници се согласија од неопходната потреба за заеднички приод кон решавањето на предизвиците со кои се соочуваат сите чинители во шумарството.