Потпишување на дополни и измени на Колективниот договор за работниците во ЈП Национални шуми
Во просториите на Дирекцијата на ЈП "Национални шуми" на 26.08.2019, генералниот директор г-динот Зоран Ѓорѓиев и претседателот на Управен Одбор, г-дин Милутин Ристески од страна на Јавното претпријатие "Национални шуми" и претседателот на Синдикатот за шумарство и дрвна индустрија на Република Северна Македонија г-динот Живко Митревски потпишаа Договор за измена и дополнување на Колективниот договор за работниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми " Национални шуми" П.О. Скопје.
Основниот текст на Колективниот договор на работниците во ЈП"Македонски шуми" е потпишан во 2006 година и како нормативен акт од овој вид е меѓу првите во државата.
Со Колективниот договор на работниците во ЈП "Национални шуми" се уредуваат правата, обврските и одговорностите на вработените во ЈП „Национални шуми“ Скопје од работниот однос и начинот на остварувањто на правата и обврскит и други прашања од интерес за работниците и претпријатието како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови.
Оттогаш наваму, па се до денешниот ден содржината на Колективниот договор е дополнувана неколку пати, правени се измени и дополнувања следејќи ги промените на важечките закони во државата кои се опфатени со Колективниот договор.
Колективниот договор на работниците во ЈП"Македонски шуми" бр 02-468/1 06.02.2006 година од неговото донесување до ден денес има претрпено повеќе измени и дополнувања и тоа:
- Измена на Колективен договор на работниците во ЈП „Македонски шуми“ – Скопје бр.02-202/4 од 25.01.2007 година;
- Измени и дополнувања на колективен договор за работниците во јавното претпријатие за стопанисување со шуми Македонски шуми“ Скопје бр.02-243/3 од 09.02.2009 година;
- Измени и дополнувања на Колективен договор за работниците во ЈП „Македонски шуми“-п.о.-Скопје, усвоен на 06.02.2006 г. со измените од 09.02.2009 г. бр.02-1126/4 од 13.07.2009 г.;
- Измени и дополнувања на Колективен договор за работниците во јавното претпријатие „Македонски шуми““-п.о.-Скопје бр.02-864/2 од 30.06.2011 година;
- Колективен договор за измени и дополнувања на Колективен договор за работниците во ЈП „Македонски шуми“ Скопје бр.02-307/1 од 03.09.2014 година;
Измените на Колективниот договор кои денес се потпишани се прифатени од трите договорни страни и се во прилог на зголемување на правата на вработените во ЈП "Национални шуми" , а се усогласени со важечките законски решенија.