Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Забрана за движење во шума, август 2019

Заради зголемена опасност од појава на пожар,

ЈП Национални шуми побара делумна забрана за движење во шума

 

На барање на ЈП Национални шуми, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, воведе делумна забрана за движење во шума, во шумите со кои стопанисува ЈП Национални шуми.

Одлуката е донесена со оглед на зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор заради високите температури кои се најавуваат во летниот период.

ЈП Национални шуми  апелира до сите граѓани на РС Македонија, на исклучително внимание при движење во шума и избегнување на сите активности што можат да предизвикаат пожар.

 И покрај тоа што  грижата за шумите треба да биде длабоко врежана во свеста на секој граѓанин, се апелира  да реагира според сопствената совест, со што ќе придонесе во заштитата и зачувувањето на животната средина што се цел и императив на работењето на ЈП Национални  шуми.

Забраната започнува да важи од 08.08.2019 година, и тоа  за периодот од 06:00 до  20:00 часот и ќе трае се до нејзиното отповикување.

 

Во однос на опасноста од појава на шумски пожари, особено во летниот период, заради енормно високите температури, се огласи г-дин Зоран Ѓорѓиев, директор на ЈП Национални шуми.

“Улогата на ЈП Национални шуми е пред се да стопанисува со државните шуми во државата, но за да може несметано да ја врши основната функција, пред се, треба да се грижи за нивната заштита од разни бесправни дејствија и од шумски пожари. Најчест причинител за појава на шумски пожар (во 99% од случаите) е човекот, додека громот и самозапалувањето како причина за настанување на пожар учествуваат само со 1%. Пожари предизвикани од човекот може да бидат намерни-подметнати пожари и ненамерни-од невнимание при палење на стрништа, палење пасишта, фрлени опушоци, сообраќајна незгода, искра од алат при работа, искра од ел.далеководи, приготвување скара во шума, палење логорски оган, палење депонии и друго. Ова го нагласувам како предупредување на сите посетители во шума.  Согласно законските одредби од Законот за шумите: Забрането е палење на отворен оган во шума и на земјиште во непосредна близина на шумата, на растојание најмалку од 200 метри од работ на шумата.” Но за жал заради непочитување на ова правило ние имаме голем број на појави на шумски пожари.
Нашите вработени се секојдневно во шума и нивната улога при појава на шумски пожар е: По добивањето на информацијата за настанат пожар, претпријатието што стопанисува со шуми, односно посеви, веднаш на лице место упатува мобилна екипа со потребните средства и опрема за почетно гаснење, средства за врски, храна и вода за сопствени потреби со задача:

-да го потврди постоењето на пожарот, 
-да изврши процена за големината и развојот на пожарот, и 
-да предложи ангажирање на соодветни персонални и материјални ресурси за негово локализирање и гаснење.
Согласно, Правилникот за посебните мерки за заштита на шумите од пожари и согласно Годишниот оперативен план кој го изработуваат подружниците, при настанување на шумски пожар ЈПНШ имаат обврска да дадат прв одговор со гасначи и средства за гаснење.Оттука следува дека ЈП„Национални шуми” има обврска да презема превентивни, подготвителни и директни мерки за заштита на шумите од пожари. 
Јас гарантирам дека сите овие мерки се преземени и применети. Нашите вработени и покрај обврската за прв одговор, секогаш се присутни на теренот и после доаѓањето на екипи од другите релевантни институции и помагаат во гаснењето. И покрај преземените мерки и сите залагања на сите институции, за жал имаме појави на пожари кои се намерно подметнати, а предизвикуваат огромна материјална, финансиска и еколошка штета. Се надевам дека овие мерки кои ги преземаме на ниво на цела држава ќе ја намалат оваа појава која зема навистина загрижувачки размери.Покрај опасноста од појава на шумски пожари, загрижувачка е и појавата на други злоупотреби во шума, односно бесправни сечи.  Во врска со овој горлив и долготраен процес кој се одразува на вкупните финанскиски резултати на работењето на ЈП Национални шуми, а со кој еве веќе 20 години тешко се справуваме, најавувам зголемени контроли на дрвната маса која се сече и превезува на територијата на целата држава. Ние мора да влијаеме врз секоја злоупотреба во шума и во соработка со други институции да го стегнеме обрачот кај овие прекршители на законот. Првите акции од овој вид вродија со плод и тоа ни дава надеж дека сепак може да се излезе на крај со криминалот во шумарството.”

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт