Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПОВОЛЕН МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ ЗА ИДНОТО ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ „ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ“

На 26 и 27 февруари во инфо центарот на Пониква се одржа работилница за разгледување на поволен модел за управување за идното заштитено подрачје „Осоговски Планини“. На работилницата учествуваа претставници од релевантните министерствата (МЖСПП и МЗШВ), општините кои гравитираат кон Осоговските Планини, Јавното претпријатие „Македонски Шуми“,( Зоран Горгиев, Маре Басова, Николчо Киров и Борче Бојчовски) како и претставници на други релевантни институции.

 

 

Во рамки на работилницата беа презентирани модели на управување од соседните земји Република Бугарија и Република Србија.  Од присутните експерти беше истакнато дека претпријатието „Србијешуме“ управува со 50% од заштитените подрачја во Република Србија, а исто така шумарскиот сектор односно Асоцијацијата на паркови во Бугарија управува со пониските категории како V-та категорија заштитени подрачја.

Моделот за управување беше дискутиран преку отворена дискусија со сите клучни страни (носители на одлуки на МЖСПП, МЗШВ, општините кои гравитираат кон Осогово, ЈП „Македонски шуми“- Скопје и подрачните единици), ние како ЈП „Македонски Шуми“ изразивме подготвеност да се вклучиме како управувачи во идното заштитено подрачје „Осоговски Планини“.

Градоначалниците се изјаснија дека стојат зад овој процес за прогласување на ЗП на Осогово, но заради нивните ограничени можности, технички и стручни (човечки) ресурси и ограничени финансиски ресурси немаат капацитет директно да управуваат со заштитеното подрачје, пред се поради големината на подрачјето. При тоа се заклучи дека ЈП „Македонски шуми“ се најпогодна засегната страна на која би и се доделило идното управување, а истовремено ние истакнавме дека сме подготвени да ги прифатиме предизвиците и да дефинираме структура која ќе одговори на задачата.

Согласно законските основи, се дефинира модел и предлог структура за управување која ќе биде доработена подетално во наредниот период заедно со сите клучни страни, а истата ќе биде дел од Студијата за валоризација на природните вредности на Осоговските Планини во делот за предлог управувач на подрачјето.

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт