Обновен возниот парк на ЈП Македонски шуми
ЈП Македонски шуми набави 4 теренски возила, со што го обнови веќе застарениот возен парк. Возилата Great Wall, модел STEED 6, кои се набавени според Инвстиционата програма за 2018 година, стасаа во дворот на дирекцијата на ЈП Македонски шуми во половината на март, 2019 година
Имајќи го предвид карактерот на работењето на претпријатието, отсуството на потребниот обем на теренски возила честопати е причина за неможноста навремено и квалитетно да се извршат поставените задачи, за повреди при вршењето на работните задачи на вработените, потешкотии при спречувањето и гаснењето на пожарите, што доведува до намалување на финансиските ефекти, намалување на природните ресурси на државата и нарушување на животната средина.Поради ваквата состојба, доаѓа до неисполнување на Програмите за работа на претпријатието (производните и финансиските планови), што директно влијае на процесот на негата, заштитата и обновата на шумите како природно богатство и како предуслов за здрава животна средина. Од тие причини ЈП „Македонски шуми„ во 2018 година планираше набавка на теренски возила-џипови кои ќе служат за непречено извршување на предвидените работни задачи, за поефикасно и навремено реагирање во случај на заштита на шумите од шумски пожари и кражби, превоз на вработените до местото на извршување на своите работни задачи како и контрола на теренот.
Постапката за набавка на теренските возила е започната во 2018 година, а нејзината реализација е во март 2019 година.
Во делот на Инвестиционата програма за 2018 година за овој вид на набавка се планирани финансиски средства во износ од 5.114.000,оо денари и за истиот износ склучен е договор за набавка на 4 теренски возила.
Возилата Great Wall, модел STEED 6, кои се набавени според Инвстиционата програма за 2018 година, стасаа во дворот на дирекцијата на ЈП Македонски шуми во половината на март, 2019 година.
Возилата располагаат располагат со модерна дополнителна опрема , која се состои од 2 воздушни перничиња, преносен систем со брзи и бавни брзини, електронско вклучување и исклучување, клима уред. Возилата поседуваат и TCES систем за дополнителна помош во движењето.Зафатнината на моторот изнесува 2378cm3 и моќност од 90kw, со емисија на издувни гасови стандард Euro 6 и вграден плински уред, со што е постигнат спој меѓу економичноста и еколошките стандарди.
Назад