Горат шумите во велешко
Во моментов се активни повеќе шумски пожари на теритиоријата на државата предизвикани од човечки фактор. И покрај упатуваните апели за внимание при движење во шума, на 22.март околу пладневните часови во , на локацијата Каласлари кај Велес беа запалени три стрништа, од кои двете беа набргу санирани со учество на вработените на Бабуна –ПШС Велес. Третиот крак се рашири на потезот кон Караслари каде беше зафатена поголема површина на борова шума, вкупно околу 50 ха, од кои 40 ха формирани борови култури кои скоро целосно изгореа по долготрајните напори за локализирање на пожарот и скоро 24 часовна борба.
На помош пристигна и ДЗС, претставници кои гаснеа заедно со вработените од ПШС Бабуна. Во координацијата учествуваа и раководителот Љубинка Попова, Николчо Киров, раководител на Секторот за заштита во ЈПМШ и окоу 30 вработени од подружницата. Од голема помош беа и авионите кои ги испрати ДСЗ, кои надлетуваа скоро три часа и истурија околу 30 тони, со што конечо на 23.март, околу пладне пожарот се локализира и не зеде уште поголеми размери, но сеуште тлее. На лице место се повикани екипи кои направија записник за причините за предизвикување на пожарот на третото стрниште и причините кои можеле да се избегнат. Случајот допрва ќе се расветлува.
Назад