Регионална акција во борба против криминалот и корупцијата во шумарството
Во средината на март, 2019 година, претставници на ЈП Македонски шуми учествуваа на “Регионална акција за борба против криминал и корупција во шумарството”. На оваа важна регионална средба учествуваа: Николчо Киров, пом. директор на Сектор за заштита на шумите, надзор и внарешна контрола и Жарко Анастасијески, пом. директор на Сектор за шумско земјиште, шумска инфраструктура и механизација од ЈП Македонски шуми, Војо Соколовски од Асоцијација на приватни шуми, Ејуп Јаја, директор на државниот инспекторат за шумарство и ловство, Горан Трајков, командир на Шумска полиција-Штип и Воислав Тодоров од ЦНВП, кој беше и модератор на настанот.
ЦНВП Фондација - Холандија, заедно со ФЕА - Босна и Херцеговина и Зелен Дом – Црна Гора, спроведуваат проект финансиран од Министерството за надворешни работи на Норвешка, под наслов “Регионална акција за борба против корупција и криминал во Шумарството”.
Во рамките на овој проект, од 13 до 15 Март 2019 година, во Будва – Црна Гора се одржа регионален настан за отварање на проектот, на кој присуствуваа релевантни актери од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина (претставници на Министерствата за шумарство, јавни претпријатија за стопанисување со шуми, шумарска инспекција, шумска полиција, агенции за борба против корупција, стопански комори, и др.)
На настанот беа презентирани проектните цели, активности како и очекувани резултати.
Исто така на настанот беше претставен и концепт документ за соработка и вмрежување на регионално ниво во борбата против криминалот и корупцијата во шумарството.
Најпопуларна дефиниција, користена од истражувачите и меѓународните агенции е:
”Корупцијата е злоупотреба на доверените овластувања за приватни цели”. Темелите на меѓународните случувања во борба со криминалот во шумарството се поставени како министерска декларација објавена на ФЛЕГ- Министерската конференција одржана во Бали, Источна Aзија, во 2001 година, која не го дефинира концептот на шумскиот криминал, но ја потенцира неговата сложеност:“
Сите незаконски дејствија кои се однесуваат на шумските екосистеми, дрвната индустрија, дрвните и и недрвни производи од шумата. Тие се однесуваат на сите дејствија поврзани со воспоставување на правото на сопственост на земјиштето, до коруптивните активности за стекнување на концесии во шумите и активностите во сите фази на стопанисување со шумите и ланецот на производство на шумски производи, од фазата на планирање, до сеча и дотур на суровини и готови производи.” Tacconi et al.(2003)
Назад