Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Пролетно пошумување, 2019

Врз основа на заклучок на Владата на Република Северна Македонија, за спроведување на на најмалку една акција против аерозагадувањето и заштита на животната средина(точка 3. од записникот од 109-та седница на Владата на РМ, одржана на 14.12.2018 год.)

По овој повод, Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и ЈП “ Македонски шуми”, организирааа пошумување на голини на локацијата во катарстарска општина средно Коњаре, ШСЕ” Пчиња” , оддел 28a м.в. Оџевица, тромеѓе Миладиновци/ Бујковци. 


На настанот учествуваа претставници на МЗШВ, вработени во дирекцијата на ЈПМШ, Шумарски факултет -Скопје и ПШС Караџица-Скопје. На претходно подготвени површини од страна на ЈПМШ, за засадување. На денот на пошумувањето (01.03.2019 год.) на површина од 2 ха ќе бидат засадени 4000 садници од багрем, даб, јасен, аризонски чемпрес.


Со овој настан се потврдува заложбата на Владата на РС Македонија, во борбата со аерозагадувањето и заштитата на животната средина.
Претставниците на институциите се согласија дека со редовно пошумување на голините настанати на разни начини(од опожарување, голи сечи, човечка негрижа и други фактори), ќе се придониесе во ордржувањето на природната рамнотежа, ќе се намали аерозагадувањето и уште многу други придобивки за кои шумарството како стопанска гранка е свесно и засегнато.

"Денес е посебен настан кој го одржуваме заедно со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, а во рамките на “Програмата за заштита природата” и особено ми е драго што заедно, на едно место ќе дадеме свој симболичен придонес во заштитата на природата и сазадувањето на голините.

Се чувствувам повикан да нагласам дека ваквиот начин на пошумување е единствениот правилен, наспроти експериментите кои ги правеше претходната Влада, а кои се покажаа како тотално фијаско и во поглед на зафатеноста, и во однос на одбраните површини и видови на садници со кои се пошумуваше масовно но хаотично и лошо организирано. Ние се враќаме на нашите законски обврски за пошумување согласно “Посебните планови за стопанисување со шуми” за кои можам да тврдам дека се стручно извршени од наши вработени и што е најважно со сопствен расад од нашите расадници. "- рече директорот на ЈП Македонски шуми Зоран Ѓорѓиев.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт