Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

ЈП Македонски шуми во жестока борба со дрвокрадците и други злоупотреби во шума

ЈП Македонски шуми на чело со директорот Зоран Ѓорѓиев, Секторот за заштита на шумите , Внатрешна контрола и Службата за ревизија

во соработка со другите надлежни институции, влегуваат во сериозна и организацирана меѓуинституционална акција за сузбивање на криминалните дејствија во шума кои добиваат загрижувачки карактер. 


Менаџерскиот тим и надлежните служби во соработка со секоја подружница посебно се решени да настапат со сите расположиви средства во заштитата на шумите и бесправните сечи.

Според претходна пријава од раководителот на ПШС ”Липа”, во непосредна близина на Мечкин камен, во ШСЕ ”Бирино”-Селце, во оддел 18а , надлежните служби при ЈП ”Македонски шуми” на терен констатираа голема злоупотреба во шума.

На посоченото место е затекната нелегално посечена и дотурена дрвна маса, дабово огревно дрво во енормно голема количина (дрвната маса се фигурира за конечно мерење) од познат сторител кој го прекршил Законот за јавни набавки.

 

Присутните на теренот извршија увид во активностите за подготовка на нелегално посечената дрвна маса за заплена. И со оваа акција се докажа дека со соработката меѓу надлежните инстуции која и понатаму продолжува со засилено темпо, се постигнуваат успешни резултати, што треба да биде предупредување дека сторителите на вакви дела треба да престанат со своите бесправни дејствија.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт