Јавна кампања ”Да ги заштитиме шумите од пожари”
Со цел превентивно делување пред претстоечката летна сезона за заштита на шумите од шумски пожари, ЈП Македонски шуми и Противпожарниот сојуз на Македонија, на 18.06.2018 година(понеделник), организираат јавна кампања
”Да ги заштитиме шумите од пожари”.
![](admin/documents/35240486_1804736112915756_7504958589547577344_n.jpg)
Настанот ќе се одржи на Плоштад Македонија со почеток во 11 часот.
Цел на оваа јавна кампања е подигање на јавната свест кај граѓаните за значењето на шумите во еколошкиот систем и нивна заштита од шумски пожари.
На настанот ќе присуствуваат претставници на ЈП Македонски шуми, помошник директорот на Секторот за заштита на шумите, Николчо Киров и раководителот на ПШС Караџица, Саша Јовановиќ, како и претставници на ППСМ и претстедателот на Противпожарниот сојуз на Македонија, проф-др Никола Николов од Шумарскиот факултет –Скопје и претставници на Противпожарниот сојуз на град Скопје.
Покрај непосредната средба со граѓаните и директен контакт со нив за значењето на зачувување на еко-системот во природата, ќе бидат делени рекламни материјали со пригодна содржина.
Ги покануваме граѓаните да ја поддржат оваа кампања со своето присуство.
ЈП Македонски шуми, Потивпожарен сојуз на Македонија