Делегација од шумарството на Р. Бугарија во работна посета на ЈП Македонски шуми
Деновиве, гости на генералниот директор на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев се претставници од шумарството во Р. Бугарија, предводени од извршниот директор на Агенцијата за шуми на Р. Бугарија од Софија, инж. Григор Гогов и инж. Дамјан Дамјанов, директор на Државното претпријатие од Благоевград. На средбите одржани во ПШС “Равна река ”-Пехчево и ПШС “Малешево ”- Берово се разменети искуства од шумарствата на двете страни.
На билатералната средба присуствуваат и претставници на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на Р.Македонија, Јурант Дика и др.проф Александар Трендафилов од Шумарскиот факултет во Скопје, како и претставници на домаќините и Помошник директорот за комерцијално работење, м-р Борче Бојчовски. Со вакви средби се унапредува соработката меѓу шумарствата на двете земји, а разменета на искуства од работењето ќе придонесе во унапредувањето и зацврстувањето на меѓусебната соработка во иднина.
Назад