Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Свечено одбележан јубилејот 70 години постоење на Шумарски факултет – Скопје

Шумарскиот факултет во Скопје го одбележа Јубилејот, 70 години од постоењето. На свеченоста по тој повод покрај голем број гости и претставници на институции поврзани со шумарството, 

присуствуваа Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство на РМ, Љупчо Николовски и директорот на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев. По тој повод , на Свеченоста, на сите присутни им се обрати деканот на Шумарски Факултет во Скопје , проф-др Кире Сотировски. Во преполната сала големиот број на угледни гости беа поздравени од Деканот на Шумарскиот факултет, кој ја отвори свечената академија и им искажа благодарност на бројните институции со кои соработува Шумарскиот факултет од Скопје.

Шумарскиот факултет од Скопје на 28.12.2018 година, во просториите на ШФ,  како што и доликува на оваа значајна високо научно-наставна институција, со сите почести и внимание го одбележа јубилејот 70 години од постоењето. 

Јубилеите се секогаш убав повод за чествување личности, институции или настани, за резимирање на минатото, но и повод за прикажување на сопствените потенцијали и претставување на визијата  за иднината.

Седумдесет години се изминати од формирањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Тоа е значаен јубилеј со кој коинцидираат јубилеите и возраста на првите неколку факултети кои биле јадрото на формирањето на универзитетот.

Шумарскиот факултет е формиран далечната 1947 година, веднаш по формирањето на Филозофскиот факултет во 1946година а заедно со  Природно-математичкиот и Медицинскиот факултет и со тоа се создале услови за основање на она што засекогаш ќе биде првиот и најстар универзитет на Република Македонија. Шумарскиот факултет, како единица потекната од некогашниот Земјоделско-шумарски факултет, е една од тие конститутивни членки на УКИМ, кој уште долго ќе ги задржува епитетите најголем и најуспешен универзитет.

Амфитеатарот на Шумарскиот факултет беше преполн со плодот на неговата повеќедецениска научно-наставна работа, олицетворен во шумарските инженери, магистри и доктори по шумарски науки, кои во голем број дојдоа да се поклонат пред големиот јубилеј на институцијата која им го осветли патот кон иднината и нивното професионално остварување..

Од угледните гости прв на присутните им се обрати министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Љупчо Николовски, кој му се заблагодари на Шумарскиот факултет за успешната соработка и за придонесот на оваа високонаучна институција за развојот на шумарството во нашата држава.

Потоа на присутните им се обратија ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. Д-р Никола Јанкуловски и генералниот директор на ЈП “Македонски шуми“ дипл.шум.инж. Зоран Ѓорѓиев, кои ги поздравија присутните и го потенцираа значењето на Шумарскиот факултет од Скопје.

“Јавното претријатие за стопанусување со шуми во државна сопственост “Македонски шуми” функционира како важен стопански субјект во Република

Македонија, следејќи ги политичките и економските промени во Република Македонија во согласност со евроинтеграциските процеси кои налагаат приоритети и фокусирање кон општокорисните функции на шумата и нејзиното стопанисување, интегрирајќи се во многу поширок контекст во кој заштитата и грижата за природата и животна средина се ставени во прв план.

Природното интегрирање на шумарските кадри во стопанството и економијата

претставува само дел од нераскинливата поврзаност меѓу Шумарскиот факултет како образовна и ЈП Македонски шуми, како институција која стопанисува со шумите. Нашата досегашна соработка и соработката во иднина се императив на напредокот и функционирањето на двете институции која ќе го доведе шумарството на повисоко ниво. Во име на, токму таквата соработка и желба за напредок, развој и просперитет на шумарството, уште еднаш Ви го честитам овој значаен Јубилеј и Ви посакувам многу успех во идното работење.”- рече во своето обраќање генералниот директор на ЈП “Македонски шуми“ дипл.шум.инж. Зоран Ѓорѓиев.

Круна на денот беше обраќањето на академик Ѓорѓи Филиповски, кој како еден од членовите на Одборот за формирање на Земјоделско-Шумарскиот факултет од 1947 година е жива легенда на шумарството во Македонија и на самиот Шумарски факултет кој ги пренесе своите погледи на историјата на шумарството на РМ чиј директен учесник и основач бил.

Во рамките на оваа свечена академија, беше промовирана монографијата “70 години Шумарски факултет – Скопје“, која е плод и пресек на досегашната работа на оваа високонаучна институција.

На крај следеше доделување на дипломи на дипломираните и магистрирани студенти, како и благодарници и плакети на голем број на институции за соработката со Шумарскиот факултет од Скопје.

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт