ЕУ сака да стави крај на трговијата со дрвни сортменти добиени по нелегален пат!
Законот кој треба да биде донесен од страна на европската комисија за регулирање на дрвните сортиментите, ќе ги направи увозниците одговорни за внесување на суровини кои се нелегално посечени.
Ристо Паивинен и Наташа Ловриќ
Паивинен е Директор на Европскиот Шумарски Институт кој е лоциран во Јоенсуу, Финска, и Наташа Ловриќ е Докторант на Шумарскиот Факултет при Алберт Лудвиг Универзитетот во Фрајбург.
EFI е во обид да направи анализа на влијанијата базирани на Договорот за Доброволно Партнерство, помош во комуникацијата при проектот FLEGT, подршка во VPA преговорите како и имплементација од страна на Европската Комисија.
Европскиот Парламент како и Советот на Европа се согласни околу донесувањето на Регулатива за дрвните сортименти, која има за цел да ја спречи трговијата со нелегално посечените дрвни сортименти во Европската Унија. Кога регулативата ќе стапи на сила во 2013 година, ќе ги засега и дрвните сортиментите посечени во Европа, како и оние кои се увезени во неа. Регулативата посебно се однесува на обловина, производи од цврста граѓа, иверица, картон, мебел, пулпа и хартија.
Нелегалната сеча се однесува на дрвните сортименти кои се посечени, транспортирани или продадени спротивно од националните закони во земјите од кои потекнуваат. Вклучувајќи и нелегална сеча, даночни проневери или пак фалсификувани царински документи.
Во многу земји нелегалната сеча е дел од широко распространетета мрежа на корупција, против која администарцијата во помалку развиените земји не е во можност да се бори. Проценето е дека земјите кои произведуваат сортименти губат од 10-15 милиони евра даночни приходи на годишно ниво, кои во други случаеви можат да бидат потрошени на пример за образование, здравство како и за промовирање на одржливото шумарство. Неконтролираното искористување на шумите ги осиромашува руралните краеви, ги нарушува правата на автохтоното население но исто така го нарушува постоењето на многу од животинските и растителните видови.
Без илегалниот пазар за трговија со дрвни сортименти, нелегалната сеча нема ни да постои. Токму заради природата на проблематиката, точни податоци не се достапни, но според некои извори се мисли дека нелегалните дрвни сортименти заземаат до една петина од сите сортименти увезени во Европската Унија. Ова е во сооднос со неколкуте проценти од дрвните сортименти кои се користени во таа насока, т.е 10 до 20 милиони кубни метри.
Во контекстот на економските, социјалните и еколошките штети предизвикани во земјите кои извезуваат дрвни сортименти, Европските производители на дрвни сортименти, како и крајните корисници на тие производи можат да ги почувствуваат негативните ефекти на нефер конкуренцијата која нуди поевтини суровини. Понатаму, нелегалната сеча комплетно ги потценува напорите за промоција на одржливиот развој како и за борба против климатските промени кај земјите во развој.
Во 2003 година Европската Унија донесе одлука за јакнење на структурите на шумското законодавство, доброто управување со шумите како и трговијата со дрвните сортименти во која ќе бидат вклучени нејзините трговски партнери. FLEGT акциониот план на Европската Унија ((Fores Law Enforcement, Governace and Trade, Зајакнување на шумското законодавство, управување и трговија) вклучува билатерални, доброволни партнерски договори кои ќе осигураат легалност кај дрвните сортименти.
Договорите се веќе потпишани со Гана, Камерун и Република Конго, додека сеуште се во преговори со Либерија, Индонезија и др. Неколку други земји го земаат предвид започнување на преговори со Европската Унија, и се очекува дека интересот кај нив ќе се зголеми како ќе се ближи стапувањето на сила на Регулативата за дрвни сортименти.
Партнерските договори ги признаваат законите и регулативите на постојните земји, кои веќе имаат воспоставено легално прозводство на дрвни сортименти. Згора на тоа, документите за ланецот на производството, од удирање на печат до извезување се однапред обезбедени, но обезбеден е и независен систем за мониторинг кој е веќе договорен.
Регулативата од Европоската Унија која е во фаза на донесување ги става трговците со дрвни сортименти во одговорна положба. Кога некоја пратка со дрвени сортименти пристигнува на европскиот азар за прв пат, снабдувачот е одговорен за обезбедуање на суровини и продукти кои никако не смеат да се класифицираат како нелегални. Увозникот треба да биде известен за тоа кој ги посекол тие сортименти и каде, но и да има можност да ги процени ризиците од потенцијалните нелегалности во целиот претходен продукционен ланец.
Купувачите на дрвни сортименти од друга земја членка на Европската Унија, мора да водат записи или да пополнуваат формулари за потеклото на дрвните сортименти, но исто така да знаат и кому ќе бидат продадени.
За многу пртепријатија во секторот шумарство, ова не претставува никаква новост: регулативите се задолжителни само за оние одговорни актери кои и до сега практицирале фер тргувовија, тоа е пракса наназад веќе многу години.
Развојот на проширен и ефективен систем за мониторинг претставува голем потфат. Договорот за Доброволно Партнерство и неговата имплементација играат многу важна улога во тоа како концептот за легални дрвни сортименти ќе биде дефиниран. Сертификацијата на шумите го редуцира ризикот за нелегалност, но често само и го прикрива почетокот на продуктивниот ланец. Крајната пресуда на последиците за раскинувањето на правилата е одговорност на авторитетите во Земјите од Европската Унија. Досега немаат искуство со гонења во Европа-но затоа случајот на Гибсон, Американскиот производител на гитари, може да се земе како пример. Во САД, сличен закон веќе постои долго време. Пред една година властите нашле пратки со абановина на Гибсоновите плантажи во Нешвил кои се увезени од Мадагаскар, а ја немале потребната документација. Овој случај сеуште има нерешен статус.
Големите европски производители, се очекува да се адаптираат на новите регулативи, но помалите претпријатија се веќе загрижени околу зголемените бирократски процедури кои ги очекуваат. Исто така се загрижени околу "дупките во законската регулатива" кои можат да ги изненадат, а се присутни кај интернационалната конкуренција.
Законот не вклучува печатени предмети, па затоа постои загриженост дека Кина може да здобие предност ако не се воспостави контрола кај суровините така строго како што Европа веќе има воспоставено. Вредноста на кинеските печатени извезени продукти во ЕУ достигнува бројка од 2.5 милиони евра.
Во следните неколку години ќе можеме да добиеме подобра идеја околу влијанијата што ќе ги предизвика законот за дрвните сортименти во европскиот шумарски сектор. Како и да е, важно е да се знаат следните клучни точки: искоренување на нелегалните дрвни сортименти од европскиот пазар е важен чекор кон доброто управување со шумите, кое само по себе е еден од условите за одрживо стопанисување со шумите. Доброто управување со шумите како и одрживото стопанисување, насекаде во светот се интегрирани заедно во борбата против сиромаштијата но и против негативните ефекти предизвикани од климатските промени. Во промоцијата на овие проблеми, актерите во Европскиот шумарски сектор имаат повеќе шанси за добивка отколку за загуба.
Назад