Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Отстапување на специјални противпожарни возила

Во Дирекцијата за заштита и спасување-Скопје на 09.11. 2017., во 10 часот се потпиша Договор за примопредавање на 4 (четири) специјални противпожарни возила марка Great Wall Steed 5, врз основа на Одлука на Владата на РМ, меѓу ЈП Mакедонски шуми и Дирекцијата за заштита и спасување. Договорот го потпишаа: Директорот на ЈП Македонски шуми, г-дин Зоран Ѓорѓиев и Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ, г-дин Аднан Џафероски во присуство на претставници на ЈП Македонски шуми и Претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.

Соработката на ЈП Македонски шуми и ДЗС е долгорочна и успешна во рамките на меѓуинституционално ниво. Во моментов ја продожуваме и зацврстуваме и со потпишувањето на овој меѓусебен договор и отстапување на противпожарни возила за брза интервенција при појава на шумски пожари. Се работи за специјални возила “за прв одговор“ Great Wall Steed 5, 4x4 со резервоар и пумпа, кои досега ги користеше Дирeкцијата за заштита и спасување. 
Правата и обврските за специјалните возила се уредени во договорот склучен меѓу директорот на ДЗС, Аднан Џафероски и директорот на ЈПМШ , Зоран Ѓорѓиев. 
“Статистиката за бројот на шумските пожари и штетите кои тие ги предизвикуваат е алармантна. ЈП Македонски шуми во континуитет работи на превенција од пожари со примена на Мониторинг системот за рано откривање на пожари, но за жал и тоа не е доволно. На ЈП Македонски шуми секогаш и недостасува потребна механизација за итна и навремена интервенција. За таа цел, Владата на РМ донесе Одлука за давање на времено користење, без надоместок на 4(четири) специјални теренски возила за гаснење на пожари. Се надеваме дека, со имплементација на овие специјални возила во системот на заштита од шумски пожари, ефикасноста во гаснење на пожарите ќе се зголеми што е е и наша заедничка цел. 
“Со потпишувањето на овој договор за преземање на возилата не престанува нашата соработка со ДЗС туку напротив, ќе настојуваме таа да се интензивира и доведе на задоволувачко ниво со постигнување на континуитет и навремено заедничко делување. ”- изјавија директорите на ДЗС, Аднан Џафероски и на ЈПМШ , Зоран Ѓорѓиев.
Специјалните противпожарни возила ќе бидат распределени во 4 ПШС, од кои едно во ПШС Караџица-Скопје, со што ќе се помогне за побрза интервенција при гаснење на пожари на целата територија на РМ.

 

 

Галерија

 

Назад

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт