Демант
Поради наследен долг од претходната власт по основ на неплатен данок, ЈП „Македонски шуми“, не можеше да обезбеди потврда за бонитет на претпријатието, што е основен услов за учество на еден тендер.
Откако е констатирана состојбата, новото раководство на „ЈП Македонски шуми“, со домаќинско работење, за краток период успеа да ја извади потребната потврда за бонитет, со што го исполни условот за учество на тендер за снабдување со огревно дрво.
На 29.09.2017 година целата документација е пратена до сите подружници за да учествуваат на јавните повици.
Конкретно, подружницата „Шумско стопанство Осогово“ од Крива Паланка, на 04.10.2017 година има поднесено документација за учество на јавни набавки за огревно дрво во оштината Крива Паланка, со што се потврдува дека оваа подружница веќе учествувала на тендер и дека тврдењата на актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски дека училиштата и другите институции ќе останат без огревно дрво, се неточни.
Ова значи дека ниту една институција во Крива Паланка, но и во другите градови во Република Македонија, нема да остане без огревно дрво. Сите училишта, градинки и други институции во секој град во Република Македонија навреме ќе бидат снабдени со дрва за огев за претстојната грејна сезона.
ЈП „Македонски шуми“ п.о. Скопје
ВД Директор,
Зоран Ѓорѓиев
Назад