Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Посета на Генералниот директор на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев на Р. Турција

Врз основа на покана на Генералниот Директорат за шумарство на Република Турција, делегација од македонското шумарство предводена од Генералниот директор на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев, од 26-30 септември 2017 година беше во посета на OGM - Р. Турција. https://www.ogm.gov.tr

Во текот на посетата, која протече во исклучително срдечна и конструктивна атмосфера, македонската делегација го посети Генералниот директорат за шумарство на Република Турција. Цел на посетата беше Презентација на  состојбата во заштитата на шумите во Р.Македонија од шумски пожари, штетници и болести и испитување на можностите за соработка на ова поле. Во рамките на оваа посета делегацијата ги посети  Анкара и Истанбул при што беа остварени поголем број на средби и контакти.

Амбасадорот на Р.Македонија во Анкара,  д-р  Звонко Муцунски ја придружуваше делеrацијата на ЈП Македонски шуми во текот на средбите во Анкара  со Генералниот директор за шумарство на Република Турција, при посетата на Центарот за борба против пожари и во седиштето на ТIКА.

Во текот на средбата Генералниот директор за шумарство на РТ, Бекир Караџабеј и Генералниот директор на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев разrовараа за развојот на соработката во делот на шумарството и особено околу потребата за поголема координација во врска со прашањата кои се поврзани со заштитата на шумите од пожари, превентивно дејствување, заштитата од инсекти и растителни болести, зголемена контрола при нивното користење и потребата од обнова на шумите.

На средбата со генералниот директор на ОГМ, г-дин Бекир Караџабеј беше презентирана стратегија за развој на заштитата на шуми во РМ. После  протоколарната средба, помошник директорот на Секторот за заштита на шуми, надзор и внатрешна контрола при ЈП Македонски шуми, м-р Горан Стојковски и професорот на Шумарски факултет при УКИМ, д-р Никола Николов направија кратка презентација на организационата структура на ЈП Македонски шуми, расположливото шумско богатство на земјата, системот на менаџирање во справувањето со шумските пожари и проблемите со кои се соочуваат во сегментот на глобалната заштита на шумите.

Посебно внимание во презентацијата и беше дадено  на "Стратегија за развој на заштита на шумите од пожари, фитопатолошки и ентомолошки појави, со акционен план за реализација на проекти и набавки за потребите на ЈП Македонски шуми”. Стратегијата е донесена од страна на ЈП Македонски шуми, а по заклучок на Владата на РМ, и е во процес на постепена имплементација.


 
Делегацијата го посети и Центарот за противпожарна заштита, Одделот за борба со шумски штетници и канцеларијата на ТIКА во Турција. Претставниците на ЈП Македонски шуми и Генералниот Директорат за шумарство на Република Турција се  договорија преку размена на искуства, знаења, организирање на посети, конференции, семинари, обуки и други заеднички проекти да бараат решенија во справувањето со предизвиците од пожарите во шумите, болестите на дрвјата и други закани кои водат кон уништување на шумското богатство.

 Претставникот на ТIКА, д-р Махмут Чевик , истакна дека за посетата на делегацијата од ЈП Македонски шуми и нивните барања ќе ја известат нивната канцеларија во Скопје, преку кои очекуваат да бидат доставени конкретните барања за помош и побрза реализација на планираните проекти.

 Соговорниците од турска страна изразија поддршка на силната реформска активност на Владата на РМ и изразија подготвеност да продолжат со нивната помош во насока на целосно остварување на стратешките надворешно политички приоритети.

 

Назад

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт