Информации

Пребарување

Loading

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

И З В Е С Т У В А Њ Е

за ограничување на собирањето и откупот на плодови

на модра смрека  (JUNIPERIS COMMUNIS) во 2017 година

Согледувајќи ја состојбата на предвремено собирање и откуп на несозреани плодови од модра смрека на теренот, а по барање на регистрираните откупни фирми,  ЈП “Македонски шуми“ донесе Решение бр. 12- 26/170 од 07 Јули 2017 со кое го ограничува времето за собирање и откуп на модра смрека во 2017 година.  Собирањето и откупот се одредува да започне на 15-ти Септември 2017 година.  Пред овој датум забрането е собирање и откуп на плодови модра смрека и секој кој ја прекршува оваа забрана ќе биде предмет на контрола и инспекција на овластените контролни органи според важечките законски одредби.

Собирањето и откупот на плодовите модра смрека ќе биде директно под контрола   на овластените контролни органи кои може да ги одземат собирачките дозволи од физички лица - собирачи, доколку собираат пред 15-ти Септември 2017 година, или утврдат неправилности при собирањето и евидентни штети на популацијата модра смрека (откорнување на цели стебла, сечење гранки, оголување на стебла, собирање незрели плодови и друго). Забрана за откуп ќе биде изречена и на правните лица – фирми ако откупуваат плодови модра смрека пред 15-ти Септември 2017 година, откупуваат незрели плодови, употребуваат несоодветна амбалажа и садови, и нехигиенско чување и складирање на плодовите во откупните пунктови.

Воедно собирањето може да се ограничи и забрани, доколку собирачите предизвикуваат штети на животната средина расфрлајки отпадоци, сечејки гранки и стебла од шумата и палејки отворен оган на местото на собирање.

            Пријавите за прекршителите на ова ограничување на собирањето и откупот на плодови модра смрека може да се достават до Подружниците на ЈП Македонски шуми, за да се превземат соодветни законски мерки против нив.

 

ЈП “МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ Скопје 

Назад

Барање

Барање

Барање

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија

  • mkdsumi

Списание

СИЗП

  • mkdsumi

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт