Информации

Отворена линија

02 155 22

24 ЧАСА НА ДЕН

Пријавете !!!

Mито, корупција, кражби на дрво и други злоупотреби во шума.

Галерија

Контакт

Централа: 02 2 581 080

Директор: 02 2 581 083

Факс: 02 2 581 824

komunikacii@mkdsumi.com.mk

Актуелности

Известување

Сакаме да ја информираме јавноста дека, ЈП Македонски шуми-Скопје отпоча со примена (имплементација) на систем за електронско следење на дрвната маса, од шума до краен потрошувач. 

Како придобивки од имплементацијата на овој систем, односно како негови силни страни може да ги издвоиме следниве:

1.      Добивањето навремени и точни информации за извршена сеча, дотур и превоз на дрвни сортименти, директно од сите шумско-стопански единици (ШСЕ)

2.     Дневно и континуирано пратење на целокупното производство во сите 180 ШСЕ  и Подружници при ЈП Македонски шуми

3.     Можност за навремено реагирање и менаџирање со производството од страна на сите одговорни лица во Подружниците и Дирекција

4.     Пратење во реално време  на планирано и остварено производство на дрвни сортименти

5.     Спречување на можни злоупотреби, преку автоматско генерирање на фактури со самото издавање на испратници, неможноста за издавање на ипратница за испорака на дрвни сортименти доколку истите не се платени, неможноста за издавање на ипратница доколку правното или физичкото лице има неподмирен долг спрема ЈП Македонски шуми и сл, со што ќе се спречи евентуалното стварање на побарувања од наша страна, неможност за превезување на две или повеќе тури дрвни сортименти со една испратница, неможност од дополнително преправање или корекција на било кој податок во испратница

6.     Со внесување на податоците во рачниот мобилен копјутер и самото издавање испратница, податоците кои се внесени истовремено се пренесуваат во на централно ниво, и имаат комплетен увид од страна ЈП Македонски шуми, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Министерство за земјоделое, шумарство и водостопанство, Шумска полиција и други надлежни институции

7.     Евидентирање и контрола за присутноста и ажурноста на вработените на терен и други.

 

Во прво време, до измена на Правилниците покрај издавање на приемници и испратници преку овој систем во печатена форма, истовремено (заедно со печатените) ќе се продолжи и со издавање на постоечките приемници и испратници, рачно пополнети во хартиена форма, кои се пропишани согласно Законот за шуми и подзаконските акти.

Дизајнирањето, изработката и ставањето во функција на овој систем се одвиваше паралелно во две фази, набавка на комплетно нова современа опрема (хардверски дел), со висок степен на заштита согласно потребите за работа во теренски услови, а истовремено активно се работеше на изработка и инсталирање на новото софтверско решение, составено од повеќе модули преку кои ќе се интегрираат сите податоци.

          За набавка на опремата (хардверски дел), ЈП Македонски шуми-Скопје инвестираше вкупно 26,932,870.00 денари, за изработка и инплементација на софтверското решение се инвестирани 3,390,573.00  денари, и за подршка при работењето 2,195,000.00 денари, или севкупно 32,518,443.00 денари

(околу 530.000 евра). Целокупната инвестиција за имплементација на овој систем, е обезбедена од сопствени средства.

 

(видео1)

 

(видео2)

 

(видео3)

 

Назад

Барање

Отчетност

Барање

Барање

Барање

МЖСПП

  • mkdsumi

Екологија

mkdsumi

повеќе

Монографија 1998-2018

  • mkdsumi

Монографија 1998-2008

  • mkdsumi

Списание

МКФФИС

  • mkdsumi

Контакт